Сообраќајка на патот Струмица – Валандово, комбе со мигранти излета од патот


Синоќа околу 21:30 часот на патот Струмица – Валандово, кај Тркања, патничко товарно возило од засега непознати причини излетало од патот и се превртело. Според очевидци во комбето имало мигранти.

Интервенирала Противпожарната единица на Струмица со шестмина пожарникари, кои со специјални хидраулични алатки е пристапено кон извлекување на повредените. Според информациите од ТППЕ Струмица, седум лица се префрлени во Струмичката болница.

Полицијата врши увид на самото место.

ФОТО: ТППЕ Струмица


Струмица Нет

Повеќе