Анита Ангелевска: Најдобро можете внатре да ја уништувате а надвор да ја резилите Македонија

Можете повеќе и подобро да затворате патриоти, повеќе и подобро да ги прогонувате неистомислениците, повеќе и подобро да ја обезимите и раскрчмите Македонија, повеќе и подобро да го распродавате Гоце Делчев, св. Кирил и Методиј, св. Климент и св. Наум Охридски, повеќе, подобро и уште подрско да посегнете кон јазикот, повеќе и подобро да поткупувате и рекетирате, повеќе и подобро да ја срамите Македонија пред светот.

“Почитувани граѓани и граѓанки,
СДСМ ја предводи власта три години во кои државата и општеството напредуваат во секое поле.” – не господине Заев, напредувате во Вашите бизниси, напредувате во рекетот, поткупот и политичкиот прогон. Заев што се за Вас општеството и државата, изгледа не Ви е јасно, до толку сте збунети односно попуштате пред притисокот да ја уништите државата, оти за Вас е сосема доволно да бидеме “опшество”.

“Ги насочивме парите кај граѓаните, ги намаливме трошоците, се посветивме на раст на сите плати и пензии. Македонската економска политика е успешна, препознаена и потврдена преку сите економски параметри, а стапката на невработеност ја донесовме на историски минимум.” – не е така, Зоран Заев, за три години го зголемивте личниот и семеен капитал и капиталот на Вашите олигарси! Економските параметри во целост ве демантираат! А, граѓаните, многу добро знаат како живеат.

“Денес успешно се справуваме и со здравствените и економските ефекти на коронавирусот.
Донесовме навремени здравствени мерки, а со трите пакета економски мерки, како и постоечките субвенции и капитални инвестиции во јавната потрошувачка, со околу 1,1 милијарда евра, ја трансформираме македонската економија.“ – не е вистина долго двоцифрена е бројката на заразени со КОВИД 19 – денеска дури 205. А од Вашето менаџирање, од економските ефекти уште долго нема да се опоравиме!

“Ве охрабрувам да одберете можност за светла иднина. Убеден сум во вашата визија, затоа што заедно можеме!” – не можеме, Заев, заедно, “светлата иднина” никако не подразбира сиромаштија, невработеност, политичка дискриминација и прогон, светла иднина не можат да бидат згазеното лично и национално достоинство!

Единствено, што Вие можете најдобро и Ви оди од рака, внатре да ја уништувате, а пред светот да ја резилите Македонија!

д-р Анита Ангелевска

Повеќе