Нова „бомба“: Заев вели Албанските гласови не вределе ни пет банки


„Албанските гласови не вредат ни пет банки“ – со вакви навредливи зборови се обраќа лице за кое дел од медиумите тврдат дека е гласот на екс премиерот Зоран Заев, во новата аудио бомба која одекна попладнево на Јутјуб каналот. Во снимката, наводно се слуша како Заев вели оти Албанците се борат само за пари и оти нивните гласови на изборите не вредат ништо.

XX: А шиптарите веќе ви ја пишат фактурата.

З.З: Пет банки не вредат. Не вредат на пазарот на гласови. Со избори и они ќе се валоризираат. За дали ќе пишат фактури… За да пишеш фактури мора да имаш роба позади себе, така? Тие немаат роба позади себе.

ХХ: Имаат борци тие.

З.З. Борци се наоѓаат по светот секаде.

ХХ: Аха се наоѓаат… Со илјада луѓе државата ни ја зедоа, ќе ни ја земеа.

З.З. Оние се борат само за парички.

Во меѓувреме, Заев преку Фејсбук ја потврди автентичноста на снимката. Вели во разговорот зборувал за партијата на Ахмети и оти и тогаш и денес бил на ист став, оти ДУИ како партија не вредела пет пари.

Инаку, нова аудио снимка осамна и за поранешен и актуелен кадар на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска и Антонио Милошоски, како договараат блокада на пат во близина на Кичево.

Биљана Божиновска


Повеќе