ДИК официјално го призна изборниот фaлcификат: Му недостигаат 2.013 гласачки ливчиња

Според штотуку објавениот „Заклучок за објавување на резултатите од гласањето на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година, врз основа на податоци од записниците на општинските изборни комисии“ од страна ДИК, по завршување на изборите стои следното: „1. Државната изборна комисија врз основа на податоците во доставените податоци од записниците од општинските избори комисии, избирачките одбори и целокупниот останат изборен материјал, утврди дека: -Вкупен број на избирачи запишани во Избирачкиот список изнесува 1 814 236 -Вкупен број на избирачи кои гласале – 942…

Повеќе...

Струмичани го “заземаа” Собранието на Македонија

Струмица со пет пратеници во новиот Парламентарен состав Според неофицијални конечни резултати на ДИК од Парламетарните избори кои се одржаа вчера, Коалицијта „Можеме“, предводена од СДСМ во Четвртата изборна единица освои 10 мандати, исто толку и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ или 77.195 гласови (46,70%) за СДСМ и 74.478 гласови (45,11%) за ВМРО-ДПМНЕ. Во новото Собрание, од Струмица и струмичкиот регион како пратеници влегуваат пет кандидати: Зоран Заев и Костадин Костадинов од СДСМ и Дејанчо Ефтимов, Ели Панова и Јадранка Поцкова од ВМРО-ДПМНЕ.  

Повеќе...

Досега поднесени 5 приговори до ДИК, рокот е до 21 часот за гласањето, до сабота за резултатите

До Државната изборна комисија (ДИК) до попладнево пристигнале пет приговори и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето за предвремените парламентарни избори што се одржаа во средата. Два приговори поднела партијата Демократи кои се однесуваат за неважечките гласачки ливчиња. Приговори попладнево поднесоа и Работничка партија МОРО, СДУ и Интегра. Пред ДИК да ги објави неофицијалните конечни резултати, партијата на Единствена Македонија доставила барање за увид во неважечки ливчиња. До 21 часот вечер е рокот кога може да се поднесе приговор за постапката за гласање, додека до сабота навечер…

Повеќе...