Струмичани го “заземаа” Собранието на Македонија


Струмица со пет пратеници во новиот Парламентарен состав

Според неофицијални конечни резултати на ДИК од Парламетарните избори кои се одржаа вчера, Коалицијта „Можеме“, предводена од СДСМ во Четвртата изборна единица освои 10 мандати, исто толку и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ или 77.195 гласови (46,70%) за СДСМ и 74.478 гласови (45,11%) за ВМРО-ДПМНЕ.

Во новото Собрание, од Струмица и струмичкиот регион како пратеници влегуваат пет кандидати: Зоран Заев и Костадин Костадинов од СДСМ и Дејанчо Ефтимов, Ели Панова и Јадранка Поцкова од ВМРО-ДПМНЕ.


 

Повеќе