НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ – “Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза.“


На денешен ден 1942 г. во Софија од страна на бугарските фашистички власти е стрелан Никола Јонков Вапцаров.
Слава му.

„Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза.“

—Никола Вапцаров, „Реферат“, 1938

„Никаде нема поубава од нашата Бугарија, мамо. А нашиот Пирин со ништо не може да се спореди.“[42][43]

—Никола Вапцаров

Википедиа:

Вапцаров е роден во Банско во Пиринска Македонија, на 7 декември 1909 година, како прво дете на Иван (Јонко) Вапцаров и Елена Везјова, двајцата Македонци од протестантска (евангелистичка) вероисповест. Татко му, Иван (Јонко) Вапцаров, учествувал во револуционерното движење за ослободување на Македонија од турското ропство: најпрвин во Илинденското востание, потоа во изгонувањето на Турците во 1912 година, а потоа бил вклучен во братоубиствените борби меѓу одделните фракции на македонските револуционери. Мајката на Никола Вапцаров имала неколкугодишно образование во американскиот колеџ во Самоков, а потоа, извесно време работела како учителка во Македонија при што и таа се вклучила во борбата за ослободување на Македонија. Во раното детство, Никола Вапцаров бил воспитуван најпрвин во во духот на библиските приказни, а потоа и во духот на љубовта кон книгата и кон татковината. За тоа сведочи и една случка која ја раскажува неговата мајка во нејзините спомени: еднаш, додека патувале во Добриниште, по патот сретнале Срби-заробеници, а малиот Никола ги гледал со сожалување. Кога баба му Милана му објаснила дека тие се заробени Срби, Никола ветил дека ќе стане силен, ќе ги ослободи заробениците.[3][4] 


„До Негово величество царот – Софија

Осуден сум на смрт со стрелање, кривичен закон дело нр 585, Софиски военополски суд. Молам пресудата да биде заменета со доживотен затвор.

Никола Иванов Вапцаров. Централен затвор”.

И покрај тоа, на 23 јули 1942 година, во 11 часот, во присуство на најбилските, на Вапцаров и на другите осудени им била прочитана пресудата. Истата вечер, во 21 часот и 10 минути, Никола Вапцаров и Антон Попов, заедно со четворица други бугарски комунисти,[11] биле стрелани во дворот на една софиска касарна. Осврнувајќи се на судењето на нејзиниот син, мајка му на Никола Вапцаров во своите „Спомени за мојот син“, објавени во Софија, во 1960 година, запишала: „Нема бог, не може да има. Ако имаше, тој ќе ме слушнеше. Јас толку од срце се молев да ми го спаси синот, мојот син, кој се бореше за среќата на народот, но тој не ме слушна. Или пак, ако го има, тој е ѕвер… Го уништив во своето срце бога, но најдов во зборовите на Никола повеќе вистина: ‘Ако треба, и ти ќе умреш за таа идеја’ – така ми рече тој. И тие негови зборови за мене станаа смисла на животот.[12].


www.media24.mk

Повеќе