Раскажувања на Методија Андонов Ченто Извадок од книгата на неговиот син Илија Андонов Ченто.#ГенотЕген


Кога НАРОДНИ ЛУЃЕ се поставуваат на функции знаат како треба да се однесуваат кон народот и државата.

Изминативе 30 години ниту еден ни приближно не се однесува народски како што тоа го правел Ченто.

На некои ИНТЕЛЕГЕНТНИ ЛУЃЕ ќе им текне зошто ја постирамe оваа случка на Ченто.
#ГенотЕген

Раскажувања на Методија Андонов Ченто
Извадок од книгата на неговиот син Илија Андонов Ченто.

“Пак се најдов во ситуација да се прашувам дали ми е местото со нив или да се вратам на дуќан”

“ Бидејќи времено бевме сместени во хотелот “Македонија“, а требаше да се живее подолго време во Скопје, формиравме една Квартина комисија да најди каде ќе живееме со семејствата. Еден ден ме викнаа да ми покажат некои куќи и после тоа да се одлучам која ќе ја изберам. Луѓето од комисијата ми рекоа како претседател на Президиумот треба прво јас да одберам, па после тоа и другите другари по ред спрема положајот што го завземаат.

Прво ме однесоа да ја погледнам куќата на трговецот Шкаперда, која беше многу убава и голема куќа и беше во центарот на Скопје. После тоа луѓето од комисијата ми покажаа две куќи во близина на општината Идадија, па кај женската гимназија и сакаа да ми покажат некоја куќа на левиот брег од реката Вардар, при што им реков дека е достатачно што видов и ги прашав што ќе биде со сопствениците на куќите. Ми одговорија дека некои сопственици не се тука, а оние што се тука ќе бидат сместени во помали куќи. Им реков дека ќе размислам и ќе им кажам што сум одлучил, иако веќе имав одлучено да не се вселам во ни една од тие куќи, а некој сопственик да го избркам од неговата куќа.

Следниот ден им кажав дека не ми одговара ни една од куќите. Сигурно се сеќаваш дека се сместивме веднаш до хотелот “Македонија“ во еден апартман, кој беше празен и за кој разбрав дека бил напуштен од некој бугарски чиновник. Во апартманот од спротивната страна подоцна се сместија Љубен Лапе и Димче Лефков. Со мајка ти бевте во Прилеп, кога се вселив.

Вечерта кога отидов на спиење, пред зградата затекнав еден млад војник со пушка, многу слабо облечен, кој застана мирно кога поминував покрај него, па затоа прашав:
-Што правиш тука?
– Чувам стража, другар претседателе, – ми одговори
– А зошто баш овде?
– Па затоа што Вие тука живеете.
Времето беше многу студено и ми беше жал момчето непотребно да стои пред зградата и затоа му реков да си оди во касарната.
– Не смеам да го напуштам стражарсково место. Ќе ме казнат,- одговори војникот
– Ти оди си и кажи му на твојот командир дека јас сум ти наредил да се вратиш во касарната.
Тој тргна кон плоштадот, а јас се качив во апартманот.

Но утрото го најдов пред зградата. Вероватно, откако сум влегол, тој се вратил. Но тогаш ме чекаше и друго изненадување, на улицата беше лимузината, што ми бепе доделена. Го прашав шоферот Методија зошто е дојден и да не треба некаде да одиме. Тој ми одговори дека не треба никаде да одиме туку да ме однеси во Собранието. А до Собранието немаше ни 5 минути пешачење. Му реков на Методија да ја однеси лимузината во гаража и да не излегува без мое барање.

Подоцна му се јавив на Апостолски и му реков да им каже да не поставуваат стражар пред зградата каде што ќе живеам, бидејќи не се плашам од сопствениот народ. Тој ми кажа дека такво барање имало од другарите од Це-Ка, кај сите раководни личности да се поставува стража, бидејќи имало многу народни непријатели.

После некој ден, на една од седниците на Президиумот ми беше префрлано дека продавам демагогија, не сум сакал стражар пред куќата и сум одел пешки на работа, па народот да мисли дека сум народен човек, наместо да бидам солидарен со другите што се на раководни положаи. На тоа одговорив дека во време кога преговораме и молиме за камиони и за бензин за многу поважни работи, не е во ред да го трошиме бензинот непотребно, бидејќи од пет минути пешачење нема да ми паднат нозете, нити пак некој ќе тргни да ме отепа. Реков и тоа дека ако можев да пешачам 14 месеци по планини, да минувам реки, сега не ми смета да одам по чиста калдрма и дека колата ќе ја користам за поважни работи, војниците, кои се слабо облечени, треба да ги чуваат сите граѓани, а не само личностите на положај.

Овие работи ми говореа дека некои луѓе не излегле да се борат за она што пишувавме во манифестите и апелите, туку за да седнат на некоја удобна столица, да се сместат во некоја убава туѓа куќа, да се возат со лимузини, а во исто време да зборуваат за рамноправност.

Пак се најдов во ситуација да се прашувам дали ми е местото со нив или да си се вратам на дуќан. “


Фејсбук статус 

СЛОБОДА ЗА ЈАНЕ ЧЕНТО 

Повеќе