ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ

ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ (1903) – востание на македонскиот народ против османлиската власт. Конгресот на Македонската револуционерна организација (ТМОРО), одржан во Солун (2/15. – 4/17. Ⅰ 1896), донел одлука (16. Ⅰ 1903) напролет да се крене оружено востание. Започнувањето и водењето на Востанието биле препуштени на окружните комитети. Конгресот на Битолскиот револуционерен округ, одржан во Смилево (19-24. Ⅳ – 2-7. Ⅴ 1903), одлучил да се крене општо ослободително востание; избрал Главен востанички штаб на Битолскиот револуционерен округ (во состав: Дамјан Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев), ги определил востаничките реони и реонските штабови. На Главниот штаб му биле…

Повеќе...