Мистериите на Стоунхенџ и дивоградбата кај Мавровка


Британците силно се загрижиле. Ама многу. Не можеле да спијат. Ама со денови. Тешка депресија ги навасала пустите. Мистеријата на Стоунхенџ била во опасност да биде засенета, скроз надјачана и да падне во сенка. Да, не е шега…

Најпознатата мегалитска градба и нејзината вековна мистерија се нашла во опасност да падне во силна сенка на мистерија на дивоградбата кај Мавровка. Таксират британски, т’канди, нели…

Што велат истражувањата и историјата за Стоунхенџ? Хммм… Па дека никој не знае кој го изградил, т.е. кои се неговите архитекти. Арно ама, тоа било пред многу илјади години, не е така страшно, нели…

Еееее, ама страшно е кога во 2020 година, некој биљмез изградил нешто среде Скопје, на 300 метра од најстрогиот центар, а владата северџанска и локалната и’ самоуправа (која е локална само и само заради местенката да победат на локални избори за да и’ дадат ветер во едра и изим на ненародната влада за да го смени името, факт) немаат поим со месеци кој тоа го изградил?! Абе ајде, суруши неспособни, доста го замајувате народот и кажете чие е, доста со глупирање, аман.

Да, Стоухенџ е мистерија. Оди вака: Се претпоставува дека бил изграден пред околу 5.000 години, во времето на неолитската архитектура од брознено време. Денешните останки на Стоунхенџ се само камени, но не во целост бидејќи или биле затрупани или срушени во текот на историјата. Целата градба нема своја т.н. единствена структура, туку таа е променлива. Архитектите на оваа градба сѐ уште не се познати. Во 17. век, Џек Обри дошол до теорија дека Стоунхенџ бил храм на друидите. Според друга претпоставка, се смета дека бил изграден од страна на Римјаните. Овие две теории владееле сè до 20. век, кога се открило дека градбата постоела или била изградена пред околу 2.000 години, пред доаѓањето на друидите и Римјаните на тие простори. До ден-денес, не е позната целта поради кој бил изграден Стоунхeнџ. Се смета дека Стоунхенџ бил некое свето или религиозно место, каде се одржувале некои обреди. Итн, итд. и др.

Кој ни е крив што не сме имале империја и никој не знае за Кокино кое е сосема случајно откриено дури во 2001 г. Датира од 1800 г. п.н.е, односно од раното бронзено време и е стара најмалку 3.800 години. Најмалку. А британскиов 2.000, цццц… Американската вселенска агенција НАСА во 2005 г. ја рангираше на високото 4. место по старост во светот. Кој ни е виновен (читај разговорно крив) што сме си биљмези.

Аха, 3.800 години, машала…

А што бива со новокомонованиот мистериозен објект пред Мавровка никнат лето Господово 2020-то?

Епа, и овде демек никој не знае кој го изградил и зошто, го бараат со боринче со недели, но реалноста е дека тоа е само фантастична, современа и квази скопска мистерија која не ја рушат оти се плашат од неимарот, т.е. од пашата што инвестира. Не се сомневајте, гарант е паша, имињата се веќе во оптек. И чаршијата и секое врапче знае, само владата на СДССС, Таполегов и градоначалнико на Чаир не знаат…

Оваа „мистерија“ само ја покажува и докажува неспособноста и расипаноста на оваа дилајла власт. Поачик здравје, ако се сомневавте каде живеете, барем за момент, потсетете се, веднаш ве враќа во ралноста у.рана…

Арно де, ќе стане ОСМОТО СВЕТСКО ЧУДО, фер. Ќе не стаат на карта.

Па тоа е и целта на комуњарите непрокопсани, нели. Ќе бидеме познати не само по идиотската промена на името на државата, не само по ендемската молика и охридска пастрмка, не само по мазохистичкото население кое со ултра ГМО стокхолмски синдром гласа за киднаперите кои им ја земаа државата и ја заменија со протекторат, не само по безобразната и непотребна двојазичност, патриоти кои гнијат по затвори во 21. век само затоа што си ја сакале државата, по три пати аболиран премиер и партија на власт заглавена до гуша во рекет… Ако ја биде, нека ја биде, нели, фер, .

Аирлија предмавровска мистерија во Скопје…

 

П.С. Загрижувачки телеграми, освен од  Британија за загрозеноста на Стоунхенџ, на Илинденска бр. 2 и на екс Бихаќка пристигнале и од САД за Бигфут, Кина за Јети, од Шкотска (која сака да си оди од ВБ па солира) за Неси од Лох Нес, од Египет за пирамидите, од Перу загрижени за лините во Наска, од Бермудскиот триаголник и редица други иматели на светски мистерии. Сите биле страшно загрижени дека оваа нова и толку голема мистерија на непознаницата на дивоградбата пред скопска Мавровка, ќе ги засени нивните вистински чуда и ќе го насочи светот кон земјата која некогаш и официјално се викаше онака како што треба, Македонија…

По короната, се разбира, и уште посекако ако благодарение на Зоки Бемве, Венко Супермен и оној отпорниот ко куче од комисијата, ако некој и преживее овде…

Повеќе