Битола: Наташа Петровска не го одбрани неработењето на јавните претпријатија

58 седница на Советот на општина Битола

Наташа Петровска повторно, по којзнае кој пат избегна да се соочи со граѓаните на Општина Битола и избегна да присуствува на важна седница на Советот. Седница на која се разгледуваа завршните сметки на јавните претпријатија и клучните програми на Општина Битола и што се е (НЕ)реализирано во текот на минатата 2019 година. Нејзиното непојавување е всушност немоќ да се соочи со неработењето и неспособноста на Општината и претпријатијата под нејзин патронат да испорачаат барем дел од ова што го ветија кога ја бараа довербата од граѓаните на локалните избори во 2017 година. Наместо тоа сме сведоци на партиски вработувања, која бројка надминува 200 нововработени на ниво на ЈП во Битола, само во последните 2 и пол години, потрошени милионски буџети – пари на граѓаните, поскапена цена на водата и услугите на ЈП Нискоградба, асфалтирани десет улици, наместо ветените на 50 улици кои веќе требаше да бидат завршени, непродуктивни трошоци за консултантски, правни услуги, спонзорства и донации и на крај неизвесна иднина на овие ЈП, за што треба сериозно да бидат загрижени граѓаните на Општина Битола.

Е.И

Повеќе