Борбата за Македонија е вечност! -Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. СЛАВА ВИ!


Петте струмички студенти се убиени на 13 август 1951 год. Убиени се блиску селото Орманли на планината Беласица. Блиску до границата кон Грција.

Тогаш се убиени, Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Млади луѓе, од 20 до 23 год. старост. Студенти на Универзитетот во Загреб. Требало да станат правници, лекари, економисти… Интелектуална елита на градот према тогашната владеачка гарнитура која од планините и нивите дошла директно на власт…
Нивната идеја била слободна, независна Македонија. Идеја која не и се допаѓала на тогашната власт. Власт која го слушала Белград, која немала ништо патриотско во себе.
Убиени се со по два куршума. еден во градите, еден во челото.
Вечерта, тие се собрани од игранка во Градскиот парк, однесени се на Беласица, и – егзекутирани.
Инаку, на еден начин, и тие се жртва на шпиони. Биле кодошени во тогашните служби од некои сега веќе неколкумина видни граѓани, отприлика нивни врсници, соученици, кои беа познати личности во струмичкиот општествен живот пред дваесетина години.

Вечна слава!

Борбата за Македонија е вечност!


 

Повеќе