На денешен ден во Охрид почина големиот македонски писател Живко Чинго, роден на 11 август 1935 во с. Велгошти.


13 август 1987 година во Охрид почина големиот македонски писател Живко Чинго, роден на 11 август 1935 во с. Велгошти. Неговата литература беше голем македонски проблесок на југословенското книжевно небо, уште со првите раскази на Пасквелија во почетокот на 60-е години на 20 век. Преведуван е на повеќе светски јазици. Еден од француските критичари при преводот на “Големата вода” ќе каже дека Чинго е пример како и малите народи имаат големи писатели. Жесток критичар на догматизмот, на перењето мозоци и на примитивните претставници на власта, од другата страна кај него е застапена вербата во човековата добрина, вербата дека во секое срце постои капка пролетен дожд и колку тоа да е обвиено со мраз. Низ неговите раскази, драми и романи, Чинго создаде посебен, препознатлив свет на една македонска реалност, а неговите ликови и нивните судбини се вон времето и просторот.

Вечен спомен.


 

Повеќе