Јаневски: Владата на Заев нема да има долг рок, во Собрание за обичен закон нема да можат да соберат 61 пратеник


Вечерва во „Што не е јасно“ гостуваше Дарко Јаневски кој што при своето гостување посочи дека сегашната влада на Зоран Заев нема да има долг рок.
„Заев се покажа умешен во купување на пратеници, не е спорно дека тоа ќе се обиде да го прави тоа и понатаму. Меѓутоа со 62 пратеника тие реално гледано тешко дека ќе можат да одржуваат собраниски седници, бидејќи практично е невозможно, за да се одржи седница мора да има 61 присутен и не е битно дали законот ќе го донесете со 41 или 40 гласови. Меѓутоа 61 мора да бидат присутни“, појасни Јаневски.

Јаневски за пример го посочи и случајот со пратеникот Зибери. Зибери го носеа по посебни протоколи и да гласа во посебна просторија. А, тоа се случуваше бидејќи тој кворум од 62 пратеника е тешко да се обезбеди.

„Ако не го обезбедуваат тој кворум власта тогаш нема да можат да донесат ниеден закон кој што е системски, за кој што ќе треба 2/3 мнозинство. Има и одредени закони за кои што ќе е потребно и апсолутно мнозинство, и за тоа исто така нема да можат да ги донесат“, истакна Јаневски.

Јаневски додаде дека поради тоа рокот на оваа сегашна влада нема да биде долг за жал.


Повеќе