Писмо на Гоце Делчев оригинално сведоштво за македонските работи

Историските факти и сведоштва, до кои дојде нашиот весник, вклучувајќи и едно ретко писмо, чија автентичност е веќе потврдена, ја негираат бугарската теза дека Гоце Делчев бил Бугарин. Од писмото дознаваме дека Гоце Делчев го гледа ослободувањето на Македонија во едно внатрешно востание, и дека оној што мисли поинаку се лаже себеси и другите. Гоце Делчев многу јасно ја искажува својата цел за решавање на македонското прашање и тој пишува за „слободна државичка“ Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров, како членови на комисијата меѓу Македонија и Бугарија што разгледува историски прашања,…

Повеќе...

Гоце Делчев- бескомпромисен противник на мешање на надворешен фактор

„Никогаш не заборавајте дека ние не си припаѓаме себеси. Нашиот живот веќе е пожртвуван пред олтарот на делото. И кој од вас го заборави тоа сознание, тој престанува да биде револуционер. И така, да не се плашиме од смртта. Каде и да не пречека да ја поздравиме со презир“. Ова се зборовите на еден од апостолите на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев кој смртта ја пречека на 4 мај 1903 година во битката во селото Баница. Секој 4 мај, на денот на убиството на великанот, Македонија му се поклонува и…

Повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ денеска на улица: Протест за Гоце Делчев и за Македонија

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ денеска ќе организира протестен собир, како што најави, за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев.  Најавено е дека протестот ќе почне вечер во 18.30 часот од пред Министерството за правда, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи. – Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава. Тој е дел од нашиот идентитет и црвена линија за нашето достоинство. Токму за него и за историски факти далеку од очите…

Повеќе...

Ќе бидеме во парламентот, ама нема да и обезбедуваме кворум на власта!

За вестите на ТВ Сител, Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“истакна дека пратеничката група на ВММРО-ДПМНЕ ќе работи институционално, но нема да дава поддршка во обезбедување на кворум. „Јас уште на првата конститутивна седница реков ако утрото по денот се познава, тешко е дека ќе имаме добар ден. Новата Влада предводена од СДСМ има многу тенко мнозинство, и тоа се гледа на сите седници кои што досега се одржаа“, нагласи Мицевски. Мицевски додаде дека како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ укажа дека владиното мнозинство има…

Повеќе...