Реакција од група Македонски научници во однос на континуираните бугарски негирања на посебноста на Македонскиот народ и јазик

Како македонски научни работници – проучувачи на македонската историја, култура, книжевност и на македонскиот јазик, најенергично реагираме на најновите оспорувања и негирања што доаѓаат од страна на бугарските политички претставници. Особено со индигнација ги отфрламе обидите за прикажување на идеологот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, како личност која треба да биде дел од т.н. споделена или заедничка македонско-бугарска историја. Гoце Делчев е мaкедoнскa истoрискa личнoст чие дејствување претставува емaнaцијa на македонската ослободителна борба водена од многу генерации сè до создавањето слободна македонска држава. Посегнувањето по овој македонски великан значи…

Повеќе...

АЧКОСКА – Македонскиот народ постоел, постои и ќе постои со својот јазик, историја и идентитет и никој не може да му го одземе тоа елементарно човеково право

Едно прашање ме мачи. Како е можно Бугарија, во време подолго од еден век, преку црквата, просветата, силната политичка и дипломатска агресивност и со три воени окупации ( балканските војни Прва и Втора светска војна) залудно да ги троши силите за да побугарчи “непостоечки” или “свој” народ. И како е можно околу 150 години да постои “македонско прашање” без Македонци. По 76 години македонска државност во најновата историја и по 75 години кодифициран јазик базиран врз огромното јазично наследство на македонскиот народ, јазик на кој се напишани илјадници книжевни и…

Повеќе...