АЧКОСКА – Македонскиот народ постоел, постои и ќе постои со својот јазик, историја и идентитет и никој не може да му го одземе тоа елементарно човеково право


Едно прашање ме мачи. Како е можно Бугарија, во време подолго од еден век, преку црквата, просветата, силната политичка и дипломатска агресивност и со три воени окупации ( балканските војни Прва и Втора светска војна) залудно да ги троши силите за да побугарчи “непостоечки” или “свој” народ. И како е можно околу 150 години да постои “македонско прашање” без Македонци. По 76 години македонска државност во најновата историја и по 75 години кодифициран јазик базиран врз огромното јазично наследство на македонскиот народ, јазик на кој се напишани илјадници книжевни и научни дела, ниту еден сериозен човек не може да тврди дека е тоа некаков измислен јазик. По сето ова што се случува треба да се прогласи за неважечки договорот за “добрососедство” кој е всушност диктат и уцена на Бугарија врз Македонија . Истовремено РМ да бара признавање на националните права на Македонците во Бугарија. ЕУ е ставена пред тежок испит. Или ќе се врати на изворните принципи на големите творци на европската идеја, или ќе се закопа во калта на балканизацијата. ЕУ може да постои само со почитување на правата на секој народ на самоидентификација и без двојни аршини, или ќе се претвори во уште една антиисториска творба која неславно ќе замине во историјата. Македонскиот народ постоел, постои и ќе постои со својот јазик, историја и идентитет и никој не може да му го одземе тоа елементарно човеково право. Македонија вечна.


Извор:ФБ

Повеќе