08:55:41
Во Собранието во рамки на 120. седница продолжи дебатата за измените и дополнувањата на законот за ДДВ.
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта со овие измени ќе се зголеми цената на над 4.000 прехранбени производи кои дополнително ќе влијаат на потрошувачката кошница која за август беше пресметана дека за едно семејство ќе чини 50.000 денари. Пратеникот Бојан Стојановски истакна дека во оваа сума не е пресметана ратата за кредит, бидејќи најголем дел од семејствата во земјата имаат кредит, а здравствените потреби се ставени дека чинат само 800 денари, што не е така.
Со измените редица производи ќе се зголемат поради пораст на ДДВ-то од 5 на 13 отсто за што како што рекоа опозиционерите, нема објавено листа.
Жаклина Лазаревска од СДСМ рече дека има листа и дека заради кризата ДДВ-то се враќа, ама не на сите производи.
Пратениците од опозицијата повторија низа скандали, како што рекоа на власта, посочија дека преку 400.000 семејства во земјата во сиромашни, и дека поради тоа мора да се организираат избори.
Категорија: Бизнис и економија