5 работи што секој маж ги сака во врската

close up of romantic couple lying on the grass 1139 332 696x398

Направете го да се чувствува како да е вашиот херој

Тој не сака да биде вашиот Кларк Кент, тој сака да биде Супермен. Тој сака да го видите како скока преку висока зграда со еден скок и фаќа куршуми. Сака да ве носи во раце и да ви го покаже светот. Или барем така се чувствува.

Негова „работа“ е да дојде до таа точка, но ништо не му дава поголема сила од жената која го наоѓа времето и просторот во кој би се чувствувал непобедлив.

Ако го натерате да се чувствува непобедливо , тогаш ќе направи да се чувствувате како најубавото суштество на светот.

Прифаќање

Секој маж треба да се чувствува прифатен и сакан, без разлика дали ги наполнил садовите во машина за миење садови како петгодишно дете, дали кажал погрешна работа пред вашите пријатели, дали заборавил нешто што сте го повториле илјада пати или го оставил тоалетното седиште. Зашто, во секој маж живее момче кое одвреме-навреме заборава дека пораснал.

Безусловната поддршка на жената е она што го „присилува“ тоа момче да биде вистински маж. Само кога ќе го прифатите таков каков што е, тој ќе сака да стане некој подобар.

baner portland horizontalen

Да не чукате во темница

Доста голем број жени не им кажуваат на своите мажи како се чувствуваат, бидејќи мислат дека тоа не ги интересира. Или дека ќе се исплашат и ќе побегнат без разлика.

Сепак, факт е дека кога не им се изразувате, тие се чувствуваат како да пипкаат во темнина. Паровите растат и стануваат посилни со заедничко надминување на неволјите.

Запомнете дека секој пат кога ги задржувате работите за себе, вие всушност градите ѕидови во вашата врска.

Добра комуникација

Без комуникација, врската добива стаклени нозе. Речиси секој маж сака жената да биде директна. Ретко знаат да читаат меѓу редови.

За повеќето од нив, факт е дека комуникацијата не е нивна специјалност. Ним им треба некакво водство.

Општо земено, мажите почесто се потпираат на логика , додека жените се потпираат на емоции . Токму поради оваа причина често се јавуваат проблеми во комуникацијата.

Да има свој живот

Можеби нема да ви го кажат тоа, бидејќи не знаат како да и кажат на жената што ја сакаат дека треба да има свој живот. Но, факт е дека и двајцата мора да имате свој живот ако сакате вашата врска да успее.

Да, тоа значи дека секој од вас (покрај заедничките) треба да има и лични интереси, хоби, пријатели и слично. Мора да имате свој идентитет во врската.

Во спротивно, вашата врска достигнува точка на заситеност која, на крајот, воопшто не е добра.

 

Автор: minimagazin.info