6 начини да се зајакнете ментално кога ви е најпотребно!

pexels photo 90802 696x398

Кога стресот и секојдневните проблеми со кои се соочуваме почнуваат да го земаат својот данок, постојат мали нешта што можеме да ги направиме што ни овозможуваат да направиме пауза и да ја подобриме нашата целокупна благосостојба.

Следниве практики се поткрепени со научни истражувања и можат да ви помогнат многу брзо да се чувствувате подобро.

Изрази благодарност

Истражувањата покажуваат дека изразувањето благодарност за она што го имате или за некој кој направил нешто за вас има многу позитивно влијание врз вашата ментална благосостојба.

Благодарноста не само што ќе ве натера да се чувствувате подобро и пооптимисти, туку ќе го зголеми и вашето чувство на емпатија, а ако му се изрази на пријател или член на семејството, ќе направи и тие да се чувствуваат подобро.

Смејте се

Се вели дека смеата е лек кој може да ви помогне да се чувствувате подобро во моментов. Смеењето може да ви го зголеми нивото на енергија и тешко дека ќе се чувствувате под стрес додека се смеете.

Дури и насмевката може да има ефект.

baner portland horizontalen

Направи пауза

Одморот од секојдневните грижи (вежбање, читање книга, слушање музика, пазарување, продолжен викенд итн.) може да ви помогне да го елиминирате стресот.

Клучниот елемент е всушност да се „одморите“ наместо да седите и да размислувате за работите што треба да ги правите и начините на кои треба да ги правите.

Посетете некој на кој му требате

Да ги поддржувате пријателите и, воопшто, луѓето за кои се грижите кога не се чувствуваат добро (болест, лични проблеми итн.) не само што ќе им биде од помош, туку и ќе ја подобри вашата благосостојба, и преку заедничко дружење и преку сознанието дека сте со некој кој минува низ тежок период.

Поминете квалитетно време со оние кои ви се најважни

Ништо не е толку наградувачко како поминувањето квалитетно време со некој што го сакате.

Без разлика дали станува збор за романтична вечера со вашиот партнер, одење на прошетка со децата, потсетување на среќни моменти со вашето семејство или дружење со пријател, овие интензивни, фокусирани интеракции водат до создавање на позитивни спомени кои ќе ви помогнат да го надминете тешки времиња во иднина.

Волонтирајте или помогнете некому

Голем број луѓе се вклучени во волонтерска работа само затоа што ги прави да се чувствуваат добро кога знаат дека некому помагаат.

Затоа, побарајте организации кои прифаќаат волонтери денес и вклучете се. Ќе се чувствувате подобро, 100%.

Автор: minimagazin.info