Коснет: Косово е заглавено поради корупцијата и кршењето на човековите права

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Филип Коснет изјави дека земјата е „заглавена од корупцијата, нападите врз новинарите, протерувањето на странски државјани без редовен судски процес, насилството над малцинствата“, јави дописникот на МИА од Приштина. Коментарот што Коснет го објави на својот Твитер уследи по објавувањето на извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата со човековите права во 2018 година, во кој како главни проблеми во Косово се наведуваат „насилоното враќање на бегалците или барателите на азил, ендемската корупција во власта, насилството и насилните закани врз новинарите и нападите…

Македонскиот стана втор јазик во Врање и Урошевац

Наместо во Солун или во Софија, последните неколку месеци хит за пазарење се Врање и Урошевац. Оние што биле велат дека за евтини пари може да се обнови гардеробата со популарни марки, но и да се касне добро во некоја од старите, веќе прочуени, врањски кафеани и меани. За оваа појава известуваат и локалните медиуми, кои велат дека бројот на Македонци во двата града северно од Северна Македонија опасно би можел да парира на инвазијата на Кинезите на Париз и Венеција. Македонските шопингхоличари најдоа нови топ дестинации за купување облека…

Постои и ваков човек во Балканот.(ВИДЕО) Во Бугарија има градоначалник, кој не краде а мало село го претвора во вистински рај

Погледнете што се случува во Бугарија, кога оние кои раководат со општините, средствата ги искористуваат максимално корисно и вешто. Во Бугарија има еден таков градоначалник – во село Чавдар, кој буквално малото селце во кое живеат околу 1 100 луѓе го претвора во вистински рај. Во селото има еко осветлување, нови тротоари и детски плоштади, зелени паркови , фонтани, пишуваат медиумите од соседството , дополнувајќи како не е можно да се наслади човек на такво мало место од Бугарија. Село Чавдар е вистински пример за тоа, кое државата може да го постигне…

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО АЛБАНИЈА: Опозиција се откажува од пратеничките мандати и тврди дека Парламентот е во рацете на криминалот

Албанската опозициска Демократска партија одлучи да преземе екстремен чекор кој води кон длабока институционална криза, со откажување на пратеничките мандати. Во изјавата за медиумите, демократскиот лидер Љуљзим Баша изјави дека пред парламентарната група предложил да се откажат од мандатите, во услови, во кои, според него, Парламентот е во рацете на криминалот. -Одлучив да и предложам на парламентарната група и на највисоките партиски форуми да се откажеме од пратеничките мандати, за поддршка на целта и аспирацијата што вие вчера видовте дека е национална, европска и незапирлива: Одбрана на демократијата и владеењето…

Амбасада на САД: Не сме организатори, ниту финансиери на протестите во Белград

САД не се организатори, ниту финансиери на протестите „1 од 5 милиони“ во Србија, соопшти Амбасадата на САД во Белград, како одговор на тврдењата на белградскиот весник „Информер“, кој пишуваше дека токму американската Aмбасада стои зад протестите. – Не знаeмe зошто, но „Информер“ одбива да ги објави фактите. Нашата работа е да ја разбереме Србија. Редовните состаноци со политичарите од власта и опозицијата, како и другите ширум Србија, се дел од таа работа. САД не се организатор, ниту финансиер на „1 од 5 милиони“, некој лаже, се наведува во пораката…

Албанија го одобри членството на Северна Македонија во НАТО

Албанскиот Парламент со 130 гласа „за“ го ратификува пристапниот Протокол за членството на Република Северна Македонија во НАТО. Пленарната седница на Собранието на Република Албанија почна со едноминутен молк во знак на жртвите од сообраќајната несреќа кај Ласкарци. На седницата присуствува и претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери, и амбасадорот Данчо Марковски. Спикерот Грамоз Ручи изрази задоволство што албанскиот Парламент е меѓу првите парламенти што го ратификува овој протокол и дека Северна Македонија поминала низ многу предизвици до овој момент. -Ова пристапување се оствари благодарејќи на Преспанскиот договор меѓу двете…

Словенија ќе го ратификува Пристапниот протокол за НАТО

Словенија денеска се очекува на вонредна седница во Парламентот да го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Со тоа, Словенија ќе биде втората земја-членка на Алијансата која по Грција ќе го ратификува Пристапниот протокол во НАТО. Законот за ратификација на Протоколот вчера доби зелено светло од парламентарната Комисија за надворешна политика во словенечкиот Парламент. На седницата во Државниот збор се очекува да присуствува и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, кој престојува во официјална посета на Словенија. Според најавите од Албанија, в четврток Пристапниот протокол треба да биде…

ПРОБЛЕМИ ЗА ГРЦИЈА: Самопрогласената Република Чемерија бара независност како Косово!

Додека Грците се занимваат со нас Македонците, со промена на нашето име идентитет, јазик и историја без притоа да постои никаква реална опасност по грчката држава од македонска страна, Албанците во Епир односно областа Чемерија основаа квази држава во која се издаваат пасочи и лични карти од самопрогласената Република Чемерија. Самопрогласената Република Чемерија има и свој претседател, Фестим Лато. Демократската асоцијација на Чамирија во јуни 2017 година ги претстави своите барања во јавноста. – Тие бараат право на Чамите Арванитите да ја објават нивната етничка припадност,– Враќањето на населението Чами…

БУГАРИЈА: За седум години се иселиле 400 илјади луѓе

Министерството за надворешни работи на Бугарија на 31 јануари 2019 година испратило одговор до редакцијата на вебсајтот eurochicago/com со број на луѓе кои ја напуштиле државата, потпишано од Елена Шекерлетова, секретар во министерството. Според одговорот, најмногу Бугари има во Германија – 416 илјади, но во останатите бројки не е прецизно наведено. Така на пример во Франција бројката е 60-80 илјади, за Австралија 10-15 илјади, Нов Зеланд 3-5 илјади. За САД – 300 илјади, за Грција исто така 300 илјади, за Канада 70 илјади, за Шпанија, 250 илјади, за Велика Британија…

Предлог за воведување неработна недела во трговијата

Министерството за економија на Црна Гора упати предлог до Владата за измена и дополнување на Законот за внатрешна трговија, со кој се воведува неработна недела. Со оваа измена работодавците ќе можат да ја зголемат продуктивноста на трудот и ќе ги намалат трошоците за одржување, смета предлагачот на новиот закон. Ова законско решение не може да влијае на намалување на бројот на работниците, туку работата ќе може рамномерно да се распореди во другите работни денови, а вработените во трговијата ќе имаат неработна недела како што имаат и другите вработени во другите…