ЧАВКОВ – БИТКАТА ЌЕ ЗАВРШИ ВО СТРАЗБУР ВО КОРИСТ НА ПОЛИТИЧКИ ПРОГОНЕТИТЕ И во корист на ЖРТВИТЕ на апсурдниот ДРЖАВЕН ТЕРОР

Ништо не може да не демотивира во правната битка со ДРЖАВЕН АПАРАТ, времено КИДНАПИРАН ОД ПОЛИТИЧКО – КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ во власта, помогнати за среќа од мал број партиски војници и слуги на ѓаволот во полицијата, обвинителството и судството. Но наместо да не обесхрабрат, ТИЕ НЕ МОТИВИРААТ да истраеме во БОРБАТА ЗА ПРАВДА, борба која повеќе не е само наша, туку борба за правдата и владеење на правото за сите во МАКЕДОНИЈА. Нити имаме, нити сакаме друга опција и друга форма на “пара борба”, најмалку пак сакаме да бидеме дел од…

Повеќе...

Б. НОНКОВИЌ – ТИМОНИЕ Е ЗА ВМРО ОНА ШТО БЕШЕ БЕЈЛИ ЗА СДС, НО ТОА НЕ ЈА ОСЛОБОДУВА МАКЕДОНИЈА ОД РОПСТВОТО, ТУКУ САМО ПОРАКАТА НА КАРЕВ ДО ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

ТИМОНИЕ Е ЗА ВМРО ОНА ШТО БЕШЕ БЕЈЛИ ЗА СДС, НО ТОА НЕ ЈА ОСЛОБОДУВА МАКЕДОНИЈА ОД РОПСТВОТО, ТУКУ САМО ПОРАКАТА НА КАРЕВ ДО ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ! Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние е најзаслужен за француското вето на отворање на пристапните преговори за членство во Европската унија на „проектот Северна“. Прецизно детектирајќи подривање на седумте столба на демократијата (1. Раздвојување на моќта; 2. Владеење на правото; 3. Слобода на печатот; 4. Одговорност на владата; 5. Независност на судството; 6. Еднаквост пред законот; 7. Еднаква застапеност во владата) од страна на квинслишката Влада…

Повеќе...

Дурловски: Се додека лојаноста кон Македонија ни е на прво место ќе се избориме!

Прво го игнорираа нашиот глас, потоа не исмеваа, навредуваа, набедуваа, се бореа против нас и не затвараа , пробуваа да не избришат, и до ден денес уште не замајуваат со театрални вести и секојдневни катастрофи, потценувајќи не’. Заслепени од сјајот на моќта, глуви од фалбите кои сами за себе ги кажуваат, водени од личните интереси и ситните страсти, не можат да видат дека овде врие. Не можат да го чујат крикот на БУДНИТЕ и освестените, бидејќи се оддалечија од нив како острови. Основно право на македонскиот народ е да ОДЛУЧУВА…

Повеќе...

Менкиноски: Ние ли Mакедонците во сопствена држава да одговараме за тероризам?

Околу опшатата амнестија за “Крвавиот четврток” адвокатот Тони Менкиноски истакна дека воопшто не станува збор за тероризам и смета дека секој треба да си одговара за своите дела, но прашањето е за што. И ако збориме за амнестија треба малце да се вратиме наназад, рече тој, па од “Глобал” па се навака што се случуваше да ги преиспитаме настаните. -Тоа е срамота за мене како Македонец да бидат тие луѓе судени за тероризам. Па знаете ли кој се суди за тероризам во Европа? Го вратија македонскиот народ квалификувајќи го делото…

Повеќе...

Јанушев – Златниот рудник на Заеви, општина Струмица, продолжува со матните тендери.

Златниот рудник на Заеви, општина Струмица, продолжува со матните тендери. Јавното комунално претпријатие во Струмица има 420 вработени, но сепак склучува договор за собирање на смет со приватна фирма за, внимавајте, 1.200.000 евра за 1 година!!! Директорот на ЈКП Струмица, Зоран Ѓоргиев, кој патем е еден од најблиските соработници на Зоран Заев, се “обидува” да го оправда склучување на договорот со истрошениот возен парк и зголемениот обем на работа. Колку нови возила за собирање на смет може да се купат за 1.200.000 евра, кои притоа ќе бидат сопственост на општината…

Повеќе...

Манчев : Колку камиони можат да бидат купени за истите пари, а потоа засекогаш да останат во сопственост на “Комуналец “?

Во врска со одлуката на ЈП “Комуналец” – Струмица да ангажира друга фирма да собира смет ( само таа, една се јавила на тендер ) за 1,2 милиони евра, за една година, го повикувам градоначалникот на Струмица, сите советници во советот на општина Струмица ( вклучително и од ВМРО ДПМНЕ ), сите граѓани на општина Струмица, вклучително и премиерот на РМ Зоран Заев, најостро да ја осудат ваквата одлука и на мирен протестен начин, во рамките на законските можности, да го спречат овој грабеж од парите на сите жители на општина…

Повеќе...

БУЧКOBCКИ АMHECТИРАН И PAЗOЧАРАН ОД CУДСТВОTO: Зaeв за двe и пол гoдини не донece грам пpaвда во cyдството

Во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“, пpoфесорот Владо Бучковски зборуваше за пpoмената на влacта која беше под слоганот ако нема пpaвда нема миp и дека после 2 и пол години откако оваа влacта ја презема СДСМ,нема никакви промени во правocудството. -Промената на влacта се случи под слоганот, ако нема пpaвда, нема миp. Јас затоа сум сега разочapaн веројатно како многумина гpaѓани во Република Македонија што и после 2 и пол години не гледам сepиозни промени во правocyдството. Најлесно е да се каже дека се зависи од оние кои добија…

Повеќе...

Пандов: Остана само Уставниот да одлучи дека Заев и Верушевски се слободни луѓе, а единствени виновници во Македонија се патриотите од 27 април

Беше тоа крајот на јануари 2015 година кога тогашниот премиер на Република Македонија Никола Груевски излезе на прес-конференција на која обзнани дека имал неколку средби со Зоран Заев во неговиот кабинет, каде овој му се заканувал со нелегално прислушувани телефонски разговори, барајќи од него да се повлече. Внимателно слушајќи го пресот по неговото завршување во две работи бев сигурен: прво дека Верушевски е организатор на прислушувањето и второ дека истите тие телефонски разговори ќе бидат употребени за дискредитација и оцрнување на Груевски и ВМРО, а со единствена цел да биде…

Повеќе...

АПАСИЕВ ГО ПОВИКА ” Коста од СДС на „Нашата Земја“ НА ТВ ДУЕЛ

ЈАВЕН ПОВИК ДО ПОРТПАРОЛОТ НА СДС(С)М – КОСТАДИН КОСТАДИНОВ ЗА ТВ ДУЕЛ! Денес, црвено-буржујското курајберче – Коста од СДС на „Нашата Земја“ (кој своевремено си ја вработи мајката во Централен регистар и кој како пратеник, само од патни трошоци, кешира поише од мојата годишна заработувачка!), открил „топла вода“ спакувана во обландата на комуњарско-партиската кујна, стара дури три-четири години, која своевремено ја пласираше куртонската ТВ Сител на чело со Началникот Латас (види линк) – а тоа е дека „професорот Апасиев, пази богати, наплатувал за своите дадени интелектуални правни услуги“!? 🤣 Ај…

Повеќе...

Комитите го бараат МНТ за 8 декември

По успешната соработка и партнерство помеѓу Министерството за култура при Владата на Окупирана Македонија, и навивачите на Шкендија – “балистите”, кое резултираше со владина финансиска поддршка и изработка на рекламен спот за придонесот во спортот и Културниот развој на Македонија од страна на “балистите”, сведоци сме на уште еден пример на уште една успешна соработка помеѓу Министерството за култура при Владата на Окупирана Македонија и навивачите на Слога – “Шверцерите”. Заеднички именител на сите без исклучок гореспоменати субјекти е нивниот анти-македонскиот карактер. Пораката која се испраќа до младината која живее…

Повеќе...