Што е она што куќата ја претвора во дом?

Според 57% од испитаниците љубовта е фактор кој куќата ја претвора во дом; 50% се залагаат за безбедност како главен критериум, а 40% сметаат дека тоа е смеата што е задолжителна  меѓу ѕидовите на куќата. Една британска студија открила кои се другите услови. Покрај наведените овде, постојат неколку, можеби, помали работи за кои воопшто не ни обрнуваме внимание во нашиот секојдневен живот, но се важни елементи во нашиот дом. Тука спаѓаат мирисот на домашно подготвена храна, семејни фотографии, место за вас, полн фрижидер, миленици, оган, книги.   извор:https://zenskimagazin.mk

повеќе

Внесете медитерански дух во вашето поткровје

Декорацијата во која преовладува медитеранскиот стил одликува свежина, светлост, асоцира на ведро небо и на речиси реален и вистински мирис на сол од некој медитерански брег. Било која просторија да ја декорирате во медитерански стил, ќе добиете награда во вид на ведро, опуштен и живописен амбиент. Во продолжение ќе Ви ги опишеме кои услови се неопходни за да се добие медитеранскиот стил, и истиот да сјае во целосен сјај. Ќе Ви објасниме и доловиме која е причината што поткровјата се совршен простор за ваков вид на стил за уредување на…

повеќе

Луѓето во Ајндховен ќе живеат во куќи направени со 3D принтер

Холандскиот град Ајндховен нема многу работи со кои може да се пофали освен фудбалскиот клуб ПСВ, но сега тој ќе стане уникатен по една интересна работа – ќе биде првиот град во кој луѓето ќе живеат во куќи кои се направени со 3D принтер. Оваа земја се бори со недостаток на ѕидари и градежни работници, па затоа ваквите куќи се гледаат како решение за проблемот со недостаток на станбен простор. Веќе се испринтани 5 вакви куќи, а најмалата од нив привлече големо внимание. Имено, 20 семејства се спремни да наддаваат…

повеќе

Набавете си веднаш: Привлечете пари и љубов во домот со оваа фигура

Змејот како фигура носи моќна енергија за привлекување на среќа, пари и љубов во домот, но не треба да е насочен кон прозорецот. Во куќата не треба да имате повеќе од 5 змејови и никако не смеете да ги чувате во бањата, плакарот или гаража. Зелениот змеј, во источниот дел на куќата носи здравје, а златен пари и успех. Поставете го змејот на високо место во домот, а за наоѓање љубов покрај него ставете и фигура од Феникс. За да има позитивната енергија во домот менувајте ги позициите на фигурите…

повеќе

Нано станови: Иднината на живеењето во пренаселени места

Градот со најмали и најскапи места на живеење сака да им помогне на младите луѓе да имаат свој дом, па реши да направи живеалишта од одводни цевки. Сега прашањето е – Во колку мал простор може да живее еден човек? Внатрешност на нано-стан „Без разлика дали сте внатре или надвор, животот во Хонг Конг знае да биде задушувачки поради малиот простор“, вели 39-годишната Вај Ли, која сама живее во нано-стан од 19 метри квадратни. Таа го изнајмува станот за 23.000 хонконшки долари (2.470 евра) месечно, а за возврат добива простор…

повеќе

Архитектонско чудо: Енергетски одржлив хотел на Арктичкиот Круг

Кога се доближувате до крајбрежјето на Хелгеланд во северна Норвешка не може да го промашите глечерот Свартисен излеан среде планината Алмлифјелет. Долу во фјордот  Холандсфјорден што е дел од Норвешкото Море, се одразува сината планина како во огледало. Во оваа чиста природа ќе го најдете „Svart“, хотел што ќе биде првиот енергетски одржлив хотел во светот кога ќе отвори во 2021 година. Дело на меѓународната архитектонска компанија „Snøhetta“ и во сопственост на Arctic Adventure of Norway и компанијата за недвижнини MIRIS, футуристичкиот кружен хотел ќе ја користи геотермалната и сончевата…

повеќе

Плетени лустери за бохо атмосфера во вашиот дом

Плетените декоративни елементи му даваат дополнителна топлина на домот.Новите трендови во уредувањето на ентериерите, ставаат акцент токму на плетените детали, а еден од клучните елементи во тој сегмент, е плетениот лустер. Поставен централно во дневната или спалната соба, плетениот лустер не е само осветлувачко тело, туку впечатлив декоративен елемент со кој внесувате бохо дух во вашето секојдневно опкружување. Доколку бохо естетиката е блиска до вашиот животен стил, тогаш ваков тип на плетени лустери со сигурност ќе внесат дополнителна позитивна енергија во вашиот дом.Особено се актуелни плетените лустери во неутрални тонови,…

повеќе

Создадете празнична атмосфера во домот

Празничното расположение е сè поголемо од ден за ден, а исто така и празничното украсување на домот. Сè во знакот на Новата Година и Божиќните празници, во прилог ви даваме неколку идеи како да го развеселите домот за време на празниците за да имате една топла и пријатна празнична атмосфера. Без разлика каде сте и со кого сте, празничната атмосфера сигурно ја чувствувате. И тоа сè повеќе како што ситно одбројуваме до Новата Година. Но, во споредба на студеното време домашниот простор сигурно сте го претвориле во пријатна зимска атмосфера…

повеќе

Трикови кои сите млади родители треба да ги знаат

Родителите понекогаш може да се наречат и суперхерои – тие мора постојано да внимаваат на детето, да го хранат, да го мијат, да се грижат за него, а во истовремено сите останати обврски да течат нормално. Тоа понекогаш навистина знае да биде тешко и претставува вистински предизвик, а некои родители како да се „родени“ за оваа улога. Па, токму од нив има многу што да се научи и да се дознаат трикови за полесно справување со овој предизвик. Погледнете ги овие трикови кои ќе ви бидат од помош додека децата…

повеќе