МАКРОН: Нема проширување на ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе блокира секакво проширување на Европската Унија, откако земјите членки не успеаја да се договорат за именување кадар за раководните функции во Унијата. -Скептичен сум кога ни објаснуваат дека иднината на ЕУ е во ново проширување, кога ние 28 не можеме да се договориме. Одбивам секаково проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ, изјави денеска Макрон. Изјавата на Макрон доаѓа откако  лидерите на 28-те земји членки на ЕУ не успеаја да се договорат околу кандидатите за водечките позиции на институциите на Унијата, поради што по…

Борисов: Македонија нема да добие преговори со ЕУ во блиска иднина

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најавува дека Македонија и другите земји од Западен Балкан нема да добијат преговори со ЕУ во блиска иднина. Среде разговорите за избор на нови европски власти, коментирајќи дека Бугарката Кристалина Георгиева отпаднала од трката за заменик на Федерика Могерини на местото висок претставник за надворешна политика, Борисов рече дека многу веројатно нема да има покана за земјите од регионот, а Бугарија не сака да биде обвинета дека токму таа го попречува проширувањето, пренесува телевизијаАЛФА. -Многу е веројатно земјите на Западен Балкан да не бидат поканети. И…

(ВИДЕО) Неприродно тресење на телото на Меркел, обвинета дехидрацијата

Ангела Меркел ја обвини дехидрацијата откако почна видливо да и се тресе телото на жешкото сонце во Берлин при пречекот на украинскиот претседател Володомир Зеленски, пишува Гардијан. Додека воениот оркестар ги свирел химните на двете држави, телото на канцеларката почнало неприродно да се тресе, а таа се обидувала да ги смири усните и да ја држи ситуацијата под контрола, истканува весникот. Како и да е, таа делувала подобро кога подоцна на прес конференција ја прашале за настанот. „Откако испив три чаши вода, кои очигледно ми беа потребни, се чувствувам много…

Јоханес Хан в среда ќе го претстави новиот пакет за проширување на Европската Унија

Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент потврди дека вонреден состанок е закажан за в среда (29 мај), кога комесарот Јоханес Хан ќе го претстави овогодинешниот пакет проширувања, се наведува на сајтот на ЕП. Истовремено, во Европската комисија велат дека и натаму не може официјално да потврдат кога ќе бидат усвоени и објавени извештаите за напредокот на земјите во процесот на проширувањето. Во средината на овој месец, Хан во интервју за „Радио Слободна Европа“, најави дека Европската комисија, за време на објавувањето на годишниот извештај за напредокот на земјите, кои се во…

ЕВРОПА СО КУРСОТ ВО ДЕСНО Франција во шок – Марин ле Пен го победи Макрон

Партијата Националниот собир на Марин Ле Пен, според првите проценки од денешното гласање победи на европските избори, јавува дописникот на МИА. Крајно-десничарската партија предводена од Жордан Бардела доби 24 отсто од гласовите, односно може да се надева на 22 до 26 пратенички места во Стразбур. Партијата на претседателот Емануел Макрон доживеа пораз, со 22,5 отсто од гласовите, односно листата предводена од Натали Лоазо ќе има меѓу 20 и 24 седишта. Листата на Европа Екологија предводена од Јаник Жадо се наметна како трета политичка сила со 12,5 отсто од гласовите и…

Убедлива победа на Орбан на европските избори во Унгарија!

Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес, убедливо победи на изборите за претставници на Европскиот парламент. Според првичните проценки партијата на Орбан освои над 50 проценти од гласовите, односно 55 проценти. Проекциите на релевантниот Политико.еу, се дека партијата на Орбан доби 14 седишта во Европскиот парламент, од вкупно 21 што и припаѓаат на Унгарија. Останатите партии, Демократската коалиција, Движењето за подобра Унгарија и Унгарската социјалистичка партија добија по два мандати. Едно седиште е проектирано за Движењето моментум. Инаку излезноста на изборите во Унгарија се зголеми на 30,5 %, што е за…

Советот на Европа ја притиска Тирана за малцинствата, но не и Атина

Советот на Европа побара од Албанија да го почитува начелото на слободно изразување на националните малцинства на пописот во 2020 година. Советот на Европа апелира Албанија да почне со спроведување на донесените закони во тој правец и бара од властите да престанат да се повикуваат единствено на архивски податоци и на оние од матичната евиденција во врска со верификација на лицата како припадници на одредено национално малцинство. Советот ја повикува Албанија, изјаснувањето за националната и верската припадност на пописот до година да биде задолжително. Уште пред почетокот на последниот попис…

ЕУ воведува визи за американските граѓани од 2021 година

Европската унија од 2021 година ќе воведе визи за американските државјани кои патуваат во 26-те земји на Шенген зоната, соопшти денес Си-Ен-Ен. Се истакнува дека американските граѓани визите ќе ги добиваат преку Систем за авторизација на влез во Европа (ЕТИАС) со кој се регулира влезот во Шенген зоната. Телевизијата се повикува на веб-сајтот на ЕТИАС каде се вели дека одлуката делумно е врз основа на засилени мерки за безбедност во регионот вклучително и за намалување на ризиците од нелегалната имиграција и тероризмот. За оформување на документот, Американците ќе треба да…

ЕП ја поддржа употребата на канабис во медицински цели

Европратениците, охрабрени од одлуките на Светската здравствена организација, усвоија Резолуција со која се поддржува употребата на канабис во медицински цели и бараат дополнителни истражувања на тоа поле. Пратениците побараа од Европската комисија и од властите во земјите членки на ЕУ да дефинираат што е медицински канабис, со цел да се спречат злоупотреби, а воедно и да се обезбедат финансиски средства за новата истражувачка програма за ефектите од канабис. – Истражувањата за примена на канабисот во медицински цели и понатаму продолжуваат, истакна еврокомесарката за заштита на потрошувачите, Вера Јурова. Со сеопфатна…

Средношколци од Македонија на средби со европратеници во Брисел

Триесетината средношколци од Делчево, Берово, Виница и Македонска Каменица кои деновиве се во посета на Европскиот Парламент во Брисел денеска остварија средби со Манфред Вебер, кандидат на Европската народна партија за претседател на Европската комисија и со европратеникот од пратеничката група ЕНП/ГЕРБ, Андреј Ковачев. Како што информира директорот на делчевската гимнаизија, Љупчо Прачковски, главна тема на овие средби биле придобивките од зачленувањето на Македонија во Европската Унија и отворањето поголема перспектива на младите кои својата иднина треба да продолжат да ја градат во европска Македонија. – За Брисел замина првата група наши…