Колку повеќе се дружите со вашата мајка, толку повеќе ќе живее!

Презакажете ја договорената вечер со вашите другарки и наместо тоа, излезете со вашата мајка – така ѝ подарувате повеќе време. Едно истражување покажува дека кога се дружиме со луѓето што ги сакаме, тоа предизвикува тие да напредуваат, дури и подоцна во животот. А погодете кого најмногу сака вашата мајка – точно, вас! Докторите од Универзитетот во Калифорнија спровеле истражување што следело 1.600 учесници во 60-тата и 70-тата година од животот за да откријат дали осаменоста има одлучувачко влијание врз очекуваниот животен век. По 6 години следење и истражување, научниците откриле…

Однесувањето на таткото влијае врз целото семејство

Социолозите често ја нагласуваат улогата на татковците во семејниот систем и како нивните постапки влијаат врз амбиентот во кој расте детето. Едно од најважните влијанија на таткото во семејството е како се однесува со мајката на своите деца. Децата го гледаат однесувањето на таткото кон семејството и подоцна своите односи ги градат на идентичен начин. Прочитајте го целиот текст на деца.мк

Правете што ќе правите, само гледајте родител да не ве проколне

Знајте дека клетвата, па дури само и негодувањето на родителите е многу моќно. Родителите и да не ги проколнуваат своите деца, самата огорченост на нив доволна е за децата „да не видат бел ден”, нивниот живот ќе биде само мака. Таквите деца многу страдаат во овој живот. Се разбира, во другиот живот добиваат олеснување затоа што овде веќе нешто отплаќаат. Се случува она што го вели ава Исаак: Го јадат пеколот, односно – трпејќи маки во овој живот, го смалуваат пеколот. Зашто маката во овој живот- „го јаде пеколот”. Односно,…

Една слика, а 1000 зборови: Неговото височество-татко!

Татко, син, чадор и дожд. На оваа фотографија има нешто многу повеќе од што ќе забележите на прв поглед. Тука можете да ја видите големината на зборот “татко“. Надвор многу врне, а овој татко си го земал своето дете од училиште. Единствен проблем е што имале само еден чадор. Но, за таткото не било воопшто потребно размислување и тој го направил чекорот кој сигурно би го превземал секој татко.  

Вниманието на таткото има огромно значење за умствениот развој на бебето

Ново британско истражување посочува дека вниманието на таткото, особено во првите три месеци од раѓањето, има огромно значење за умствениот развој на бебето и неговите способности. Во студијата објавена во „Инфант Ментал Хелт“, учествувале 128 мажи за коишто научниците сметале дека се доволно посветени на своите деца. Со самото раѓање, како и поради доењето, мајката природно станува најзначајната личност во животот на бебето. Но, тоа не значи дека таткото треба да биде целосно исклучен од неговото одгледување. Доколку првпат сте татко треба да знаете дека минувањето доволно време со бебето,…

Дали вашето дете покажува симптоми на психопатија? Внимавајте на овие 4 знаци!

Општеството веќе долго време се интересира за феноменот познат како психопатија. Оваа состојба истовремено ни предизвикува и љубопитност и страв, па затоа обожуваме да ги гледаме документарците за најпознатите сериски убијци. Јасно ни е дека овие поединци им нанеле голема болка на луѓето, но не можеме а да не се запрашаме како размислуваат психопатите. Која е причината што лежи зад нивното однесување? Нѐ интересира мотивот и менталната состојба што доведува до такви ужасни злодела. Дали вашето дете покажува симптоми на психопатија? 4 знаци на кои треба да обрнете внимание. Дали…

Д-р Комаровски: Во земја каде што децата се женска работа нема светла иднина

Евгениј Олеговиќ Комаровски е најпознатиот и најпризнат педијатар на територијата на поранешниот СССР. Тој е доктор по медицински науки, телевизиски водител и автор на 15 книги за грижа на детето. На многу разбирлив начин ги изложува информациите за здравјето и воспитанието на детето, поради што ужива почит од голем број родители. Ако во ваша моќ би било да ги претворите во закони некои права и должности на родителите, што би направиле? „Би направил пред сè, во училишната практика секој ученик да се стекне со минимум медицинско знаење. Идните родители во…

„Сакајте ги вашите деца и кога се виновни затоа што животот ќе ги казнува и кога нема да бидат“

Душко Радовиќ на тема децата и училиштето: „Предметната настава ги укинува учителите, а тие се единствените вистински воспитувачи. Во оној момент кога децата остануваат без својот учител, престанува воспитувањето, а почнува образованието“. „Трагично е како децата, штом тргнат на училиште, ги губат чистотата и ведрината на индивидуалното сознание, доживувања и смисла за автентична интерпретација. Училиштето и практичниот живот им наметнуваат шаблони и догми, па наместо радоста на доживувањата, децата прифаќаат рутинско препознавање на голите функции на работите и појавите“. „Училиштето не смее да личи на болница каде што децата се…

Грешки на родителите во исхраната на децата

Исхраната е од исклучително значење за правилниот развој на децата, особено во првите години од нивниот живот, кога се стекнуваат и основните навики. Но, исхраната е и тема која ги плаши родителите, затоа што најмалите членови во семејството знаат да бидат пребирливи и да се однесуваат како да страдаат од неофобија (страв од новото, или во случајот новата храна). Ретки се родителите кои не биле сведоци на детската тврдоглавост во моментите кога малите инаетчии решиле дека е подобро да не јадат ништо отколку да пробаат од она што им се нуди на…

Погрешни тврдења за (не)плодноста кои треба да ги игнорирате

Кога се обидувате да зачнете, секој има совет за вас. „Многу си напната, треба малку да се опуштиш и веднаш ќе забремениш“, „Биди трпелива, што е твое ќе си дојде“, „Млада си за да зборуваш за неплодност“… Ако сте дел од паровите кои со месеци или години водат битка за да добијат свое дете, сигурно повеќепати сте ги слушнале овие тврдења. Темите „плодност“ и „неплодност“ се обвиени со многубројни митови кои често водат до заблуди кај паровите кои се трудат да си го исполнат сонот за свое потомство. Еве ги најчестите од нив,…