Ѕвездата од „Династија”, Локлир сакала да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија” и „Мелроуз плејс”, Хедер Локлир се обидела да се самоубие, објави порталот „ТМЗ”. По дојава од член на семејството на Локлир дека таа се заканувала со пиштол и со самоубиство, глумицата е префрлена в болница, на одделение за психијатрија. Пред неколку месеци, глумицата беше уапсена поради семејно насилство, односно за напад врз нејзиното момче. Хедер дала отпор при апсењето и физички нападна тројца полицајци. По овој инцидент Локлир мораше два месеца да оди на рехабилитација и на состаноци за алкохоличари. Објавено во: ФИЛМ

повеќе

МАРВЕЛ ФИЛМОВИ: Режисерската палка во женска рака

  Зборувајќи за планираниот филм „Капетан Марвел“, посветен на супер-херојка, а во кој Ана Боден се јавува како ко-режисерка, продуцентот Кевин Фиџ вети поголема застапеност на жените како режисери во филмовите на продукциската куќа Марвел. – Не ветувам дека сите наредни 20 филма ќе ги режираат жени, но многу од нив – да, изјави Фиџ, предизвикувајќи громогласен аплауз. Насловната улога на „Капетан Марвел“ ќе ја глуми оскаровката Бри Ларсон, а премиерата на филмот е закажана за 8 март 2019 година. Објавено во: ФИЛМ

повеќе

Captain Marvel ќе биде новиот лидер на филмскиот универзум на Marvel

Првиот филм од филмската франшиза на Marvel со женски главен лик, „Captain Marvel“ ќе го претстави и новото заштитно лице на најпрофитабилниот филмски серијал на сите времиња. Оскаровката Бри Ларсон ќе биде новото заштитно лице и лидер на филмската франшиза на студиото Marvel, објави извршниот продуцент на Marvel, Кевин Фиг. Според зборовите на Фиг, Бри Ларсон (Captain Marvel) ќе биде новиот лидер на филмскиот универзум на Marvel (MCU) во четвртата фаза од франшизата, и со тоа ќе ги наследи постоечките двајца лидери Роберт Дауни Џр. (Iron Man) и Крис Еванс…

повеќе

Хорор ликови од кои стравувавме во минатото

Филмовите не само што знаат да нé забавуваат, тие истовремено знаат и да ни предизвикаат кошмари. Креирани како фиктивни ликови за хорор приказни, голем број на култни ликови станаа честа помисла на луѓето, не поради актуелноста, туку поради непосакуваните мисли дека нешто слично може и на нив да им се случи. Во продолжение следува листа на хорор ликови од кои стравувавме на времето: Фреди Кругер Сите оние кои на времето беа опседнати со серијалот „A Nightmare on Elm Street“ имаат поминато низ кошмари соочувајќи се со самиот Фреди. Изгорениот сериски…

повеќе

7 НОВИ МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ ШТО ЕДВАЈ ЧЕКАМЕ ДА ГИ ГЛЕДАМЕ

До нас е или навистина никогаш немало толку нови македонски филмови за кои истовремено сме биле возбудени да ги гледаме? Пробавме да се преброиме и да ги собереме на едно место филмовите кои сè уште не сме имале прилика да ги гледаме, но за кои сме сериозно возбудени. Сопревме кога ја достигнавме бројката од 7 филма, но верувам дека доколку посветевме уште некој час, ќе дојдевме до 15. Решивме останатите да ги оставиме како продолжение на овој текст, за некоја наредна прилика. Филмовите подолу се дела на талентирани, млади режисери…

повеќе

Нов трејлер за „Venom“ со Том Харди

Првиот тизер од пред неколку недели не ни го даде она што го сакавме, злобниот симбиот познат по филмовите и стриповите за Спајдермен. Но, во новиот трејлер можеме да ги видиме Том Харди и останатата екипа во вистинско светло. Том Харди изгледа непобедлив во улогата на Еди Брок, а неговата изведба на Venom е најдобрата која досега сме ја виделе во филм. Премиерата на „Venom“ е закажана за 5 октомври.

повеќе

„Брзи и бесни 9“ најверојатно без Карпата

Актерот Двејн Џонсон, попознат како „Карпата“, изјави дека „не е сосем сигурен“ дали ќе се врати во деветтиот филм од серијалот „Брзи и бесни“. Проблемите започнале уште на снимањето на „Брзи и бесни 8“ во 2016 година, кога се појавиле искри на нетрпеливост меѓу „Карпата“ и Вин Дизел, кој го глуми главниот лик во сите филмови. – Вин и јас разговаравме неколкупати, и во четири очи. Јас сфатив дека имаме суштински разлики во нашиот пристап кон филмската работа и соработката. Ми требаше време за да го разберам тоа, но сега ми е јасно,…

повеќе

„Black Panther“ заработи повеќе од милијарда долари на светскиот боксофис

За неполн месец од светската премиера, „Black Panther“ веќе успеа да заработи една милијарда долари, без притоа ниту еднаш да биде симнат од првото место на боксофисот. И оваа недела, како апсолутен првак на светскиот боксофис се покажа филмот на студиото Marvel, кој успеа да се издигне над силната конкуренција и уште еднаш да заработи повеќе од сите филмови за време на викендот. Иако овој викенд „Black Panther“ доби поголема конкуренција од претходните неколку недели во филмовите „A Wrinkle in Time“ и „Strangers: Prey at Night“, сепак заработи завидни 41…

повеќе

КОРЧАГИНСКИОТ „ИСЦЕЛИТЕЛ“

Најуспешниот и најгледан филм изминатата година во Македонија е „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески. Филмот се здоби со вртоглави рецензии и коментари, а неговата проекција во Скопје беше поздравена со стоечки овации. Оваа црна комедија се закити со награди и признанија на многу престижни фестивали. Во дебито на Ставрески има совршена рамнотежа на забава, социјален коментар и трогателност.Според некои критичари филмот не само што ќе биде отскочна штица за кариерата на Ставрески, туку може да ја повлече напред пошироката македонска филмска индустрија. Ѓорче Ставрески е поранешен Корчагинец кој има бројни обожаватели…

повеќе