Бертолини: Ова е нефункционална држава, овде никој ништо не прави ако не му рече шефот

Ова е нефункционална држава. Македонија има голем проблем со капацитетот на човечки ресурси. Особено во централните министерства и локалните управи, изјави за емисијата 99 минути на ТВ Клан Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ. Ние, донаторите може да сметаме само на неколку лица во секоја институција, кои се способни, искусни, кои се многу добри. Но тие не можат да апсорбираат многу пари затоа што само 10-20% од луѓето во министерствата се во состојба да работат со нас. Не заради нивната неспособност, туку затоа што не им се…

Повеќе...

Мицкоски: Македонскиот јазик постои, проблемот е Заев кој е меко ткиво за вакви негаторски теми

Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците и е дел од светското културно богатство како доказ за нашето постоење и идентитет, напиша на неговиот фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него, сите негации на оваа апсолутна вистина се последица на тоа што власта во Македонија лесно тргува со најскапите работи на нашата земја. – Заев треба да престане да пишува реакции и дава изјави, туку да понесе одговорност за тоа што тој ја внесе Македонија во ваква лоша позиција и отвори врата за вакви теми…

Повеќе...

Интервју на Игор Јанушев: Ќе има и „Рекет 3“, јавноста ќе биде зграната за степенот на забеганост на власта

Нема лага која до сега ја ширеше СДСМ, а да не им се врати како бумеранг, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев додавајќи дека секоја една невистина им се распрсна како меур од сапуница. И ние оставаме да видиме до каде ќе оди ова лудило, да видиме до кога самите ќе тонат во жив песок. Шака криминалци ни ја водат државата и мислат дека раководат со судбините на луѓето. Па, мислат дека нивните злодела нема да се дознаат. Не би одел со детали, но секојневно ни пристигнуваат информации за…

Повеќе...

Мисајловски во интервју за КУРИР: ВМРО-ДПМНЕ јако ќе победи на следните избори

Заев и СДСМ ќе избегаат од предлогот за кандидат мандатар за да имаат имунитет за тоа што го направија, порачува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во интервју за КУРИР. Предлогот кој го даде лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, според Мисајловски е европски и чесен. Од оваа идеја, вели партискиот потпретседател, бегаат премиерот Заев и неговите најблиски соработници за утре да можат да се заштитат самите себеси. -Ова е интересна практика која ја има во Европските држави. Интересна е како можност, но и добра е како практика да ја примениме.  Се…

Повеќе...

Интервју на Мицкоски за КУРИР: Изјавата на Пендаровски е признание дека власта прави пустош и Заев ја води државата во амбис

Не очекувам одложување на изборите, и очекувам убедлива победа на изборите. Власта е во колективна паника и е фрагментирана на десетици струи и тивки жаришта на конфликти кои во периодот што следи ќе се засилуваат. Убеден сум дека граѓаните ќе одберат обнова,a тоа ќе значи промени кон подобро и многу работа. Во интервјуто со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски ќе читате за најактуелните прашања, за самитот во Загреб на Европската Народна Партија, за средбата со Борисов. За тоа кој седи позади лажните вести, и каков ќе биде одговорот на ВМРО-ДПМНЕ.…

Повеќе...

АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ – Градоначалникот кога стана премиер, со себе во Скопје поведе еден автобус луѓе од Струмица

Интервју на Република.мк со Александар Донев Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица СДСМ раководи со општина Струмица повеќе од 15 години. Kое е најголемото разочарување што им го приредила оваа партија на струмичани? Донев: Најголемо изневерување за струмичани од СДСМ е изгубената слобода. Струмица веќе 15 години е под контрола на СДСМ и постојат многу ветени и нереализирани проекти на локалната самоуправа за кои дискутираме, но постои нешто што никогаш нема да им биде надоместено на граѓаните на Струмица – тоа е слободата. На прагот од 21 век слепо водени од партијата…

Повеќе...

Мицкоски: Имаме докази, не се знае колку продолженија ќе има аферата „Рекет“

Аферата „Рекет“ е најголемата корупциска афера и според сведочењата на луѓе кои биле околу таа група луѓе кои денеска се осомничени, знаат дека тие не се тие кои го напишале сценариото и го операционализирале. Не може овие тројца луѓе – притвореничката Катица Јанева, Бојан Јовановски, и Зоран Милевски тоа да го направат без согласност на некој многу моќен политички човек, вели претседателот на ВМРО- ДПМНЕ во интервју за весникот ВЕЧЕР. Лидерот на најголемата опозициска партија зборува за предвремените избори и за можните коалиции, за Преспанскиот договор, за аферата Рекет, за…

Повеќе...

Не добивањето на датум за преговори е казна за погрешните политики на Владата на Заев

За „Журнал“ интервју имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски кој посочи дека не добивањето на датум за преговори за членство во ЕУ е единствено казна за погрешните политики на Заев и неговата влада. -Има многу арамилук, има многу криминал, има многу корупција во Македонија. Нема реформи, за жал. Реформи, кога велиме реформи на економија мислиме. Мислиме на реформи во образованието, во здравството. Сето  тоа практично е дел од тој мозаик каде што ние како држава добивме „НЕ“ наместо „ДА“ за отпочнување на преговорите, појасни Мицкоски. Мицкоски додаде дека не е…

Повеќе...

Мицкоски за „Политика“: Заев три години ја води земјата во амбис

На Македонија и е неопходна обнова. Патот по кој што ја водеше премиерот во заминување Зоран Заев во овие три години, не води никаде или поточно води во амбис. Тоа им е јасно на сите. Јасно им е и на граѓаните, јасно им е и на лидерите на политичките партии, а јасно им е и на нашите партнери од меѓународната заедница. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Политика“, одговарајќи на прашањето- „Претседателот Стево Пендаровски ги покани сите лидери на парламентарни партии да разговараат за настанатата…

Повеќе...

Гајзер: Мафијашки систем владее со Македонија, Заев не знае да води држава, а Мицкоски е иден премиер и сите сметаат на него

Новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајзер во интервју за Алфа ТВ, вели дека уште од средношколските денови почнал да се интересира за Македонија и македонското прашање. Гајзер во Македонија е познат по тоа што ја откри аферата „Рекет“ и објавуваше видеа за овој случај, а сега открива како првпат ги добил материјатлите со кои го обелодени случајот. Неколкупати ја посетил Македонија, а материјалите ги добил од пријателите кои ги стекнал тука, а тимот на „Ла верита“ бил доволно храбар за да ги објави. -Сите прашуваат дали имаме уште документи,…

Повеќе...