Кои професии во Македонија се најмногу платени?

Убедливо највисоки просечни плати во Македонија земаат вработените во секторот компјутерско програмирање каде што просечната плата за април изнесувала 60.656 денари, што е прв пат просекот да надмине 1.000 евра. Втори на листата се вработените во секторот воздухопловен транспорт со просечна плата од 52.058 денари, а на трето место се вработените во секторот поизводство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со плати од 43.368 денари. На четвртото место е секторот телекомуникации со плата од 42.313 денари, а на петтот секторот финансиско-услужни дејности каде просечната плата изнесувала  41.367 денари. КАРИЕРА

повеќе

Еуромакс ја објавува структурата на работните места во проектот Иловица-Штука

Euromax Resources ДОО („Еуромакс“) по опсежни подготовки, анкети и консултации со локалното население, образовните институции и со бизнис заедницата, објавува список на директни работни места во проектот Иловица-Штука, за кои ќе организира конкурси откако ќе ги добие потребните дозволи за експлоатација. Опсегот на работните места е усогласен со потребите објавени во Физибилите студијата за проекотот, а земени се предвид сугестиите од локалните засегнати страни.   Еуромакс има стратешка определба за вработување на локалното население во проектот. Компанијата ќе организира серија Саеми за вработување и други настани од отворен тип за…

повеќе

Пронајдете ги вашите скриени таленти со овие прашања

Се прашувате како да ги откриете сокриените талените…. Ако сте уверени дека можете да направите нешто што го сакате, чувствувате дека имате нешто во вас, но сеуште не знаете што, поставете си ги на себеси овие 7 прашања: 1. Што правите со леснотија? Дали пишувате, пеете, готвите, трчате? Што не ви е тешко да правите? 2. Што ве прави страствени? Што ви создава пријатно, возбудливо чувство во стомакот? За што сонувате кога така се чувствувате? 3. Што прави да заборавите на времето? Со кои активности времето просто ви лета? Што…

повеќе

За вашиот не (успех) е одговорен шефот?

Односот со шефот има големо влијание на успехот на вработените и нивното задоволство на работа. Постојат неколку видови на шефови. Прочитајте како да се справите со нив. Шефот постојано ве контролира Ако вашиот шеф постојано ве контролира и се мора да знае и во секоја ситуација тој го има главниот збор, најдобар начин за нешто да промените е проблемите да ги решавате постепено. Следниот пат кога ќе добиете задача, поделете ја на неколку фази. Информирајте го шефот за вашиот напредок и постојано барајте негово мислење. Со текот на времето ќе ја…

повеќе

Oстанете мотивирани на работа со помош на овие седум начини

Тешко е со денешниот забрзан ритам на живеење да останете ентузијастични. А ако покрај тоа имате и стресна работа, многу е лесно да се изгуби мотивацијата за работа. Сепак, незадоволството не доаѓа поради работата која ја работиме туку поради начинот на кој и пристапувате. Според Форбс, на работата треба да и пристапите позитивно со цел да бидете поефикасни и поуспешни. Затоа, тие направија листа со нешта кои ќе ве доведат до тоа: 1. Поставете цел Поставувањето на реални цели е важно за постојано да останеме мотивирани. 2. Фокусирајте се на…

повеќе

Што ви е поважно работата или приватниот живот!

Заеднички семеен ручек во работен ден на четворочлено македонско семејство во 15 часот е нешто што денес ретко може да се случи. Па дури ни во сабота или во недела! На овој начин се отуѓуваат дури и најблиските. Тенденција што ни јавни кампањи за промовирање на семејните вредности не можат многу да ја променат. Се враќаме дома по 18 часот, набрзина ќе направиме нешто за јадење, ќе завршиме по некоја домашна обврска и дури да трепнеш поминал денот. Имаме се помалку слободно време, поретко се гледаме со пријателите и роднините,…

повеќе

Дали сте знаеле дека пожарникарите не смеат да имаат мустаќи?

Работат на температурa од 1.200°C, не смеат да имаат мустаќи : Факти за пожарникарите Спасувањето на луѓето во реалноста е многу поинакво отколку во филмовите. Пожарникарите се справуваат со сосема намалена видливост и огромна врева. Професијата на пожарникарите е хумана и многу опасна на моменти. Токму ова ја прави интригантна за сите. Дали некогаш сте се запрашале на какви температури се подложни пожарникарите додека ги гасат пламените јазици или пак кои строги правила важат за нивната професија? Интересни факти за пожарникарите: Нивните костими издржуваат температури и до 1.200 Целзиусови степени…

повеќе