Младите сѐ помалку читаат книги и ја губат способноста за разбирање на идеите

Во последните неколку години, помалку од 20 отсто од американските тинејџери истакнале дека секојдневно читале книга, списание или весници за разонода, додека повеќе од 80 отсто истакнале дека секојдневно ги користат социјалните мрежи, покажува истражувањето на Американската психолошка асоцијација (АПА). Истражувачите ги анализирале податоците од студија која годишно обработува репрезентативен примерок од околу 50.000 ученици во САД. Тие ги прегледале резултатите од истражувањата од 1976 до 2016 година, со што се опфатени повеќе од милион тинејџери. Користењето на дигиталните медиуми значително се зголемило во периодот од 2006 до 2016 година.…

Повеќе...

Достоевски- „Нема и не можам да верувам дека злото е нормалната состојба на човештвото“

Постои само еден Фјодор Достоевски. Рускиoт писател и новинар чијашто психолошка пенетрација во човековата душа имала големо влијание врз романите во 20-от век. Неговите најпознати дела се „Злосторство и казна“ (1866), „Идиот“ (1869) и „Браќата Карамазови“ (1880). Достоевски бил инспирација за голем број писатели и филозофи од Антон Чехов, Ернест Хемингвеј па се` до Ниче. Ви ги нудиме неговите најголеми мисли, затоа што преку нив тој кажува се на свој уникатен начин. „Но како можеш да живееш, а да нема приказна за раскажување?“ „Не постои толку стара тема, што за…

Повеќе...

Зборови што го менуваат светот – Путин и Македонија

                                                                                                                         Путин и Македонија   од предговорот на македонското издание на книгата „Зборови што го менуваат светот“ пишува – Емилија Гелева Ставовите на една владејачка елита, во нејзиниот внатрешен свет, обично…

Повеќе...

„КАМЕНОТ ОД РОБИ“ ПОТСЕТНИК НА МАКЕДОНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Нова книга по повод 70 години од егзодусот на Македонците „КАМЕНОТ ОД РОБИ“ ПОТСЕТНИК НА МАКЕДОНСКАТА ТРАГЕДИЈА По повод 70 годишнината на егзодусот на Македонците и во пресрет на петтата средба на децата бегалци (избркани) од поробениот дел на Македонија, Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во соработка со Австралиско македонскиот театар од Сиднеј, деновиве од печат излезе монодрамата „Каменот од Роби“ од Душан Ристевски. Оваа монодрама која премиерно беше прикажана во Сиднеј во февруари 2018 год. во изведба на Валентина Апостоловска и Антонио Нешковски. Во книгата „Каменот од Роби“…

Повеќе...

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ АКО ДОСЕГА НЕ СТЕ ГО НАПРАВИЛЕ ТОА: ЛИСТА СО НАЈЧИТАНИ КНИГИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 500 ГОДИНИ!

 Листа со најчитани книги во последните 500 години! Наскоро почнува сезоната со годишните одмори, а тоа е добро време и да се посветите на читање добра книга. Нема подобро сценарио од лежење на плажа со добра книга, а доколку не знаете кои наслови да ги ставите во куферот, класиката е секогаш одличен избор. Иако можеби не сте читале со задоволство лектири во училиште, сега е време да се вратите на некои книги и да ги доживеете од друг агол. Па поради тоа ви ги претставуваме најчитаните книги во последните 500…

Повеќе...

„Дхаммапада“ на Буда првпат преведена на македонски

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ ја објави позната книга за будизмот – „Дхаммапада. Мудроста на Буда“. „Дхаммапада“, чие авторство му се припишува на самиот Буда, е еден од најпознатите и најважните текстови од будистичката литература напишан на јазикот пали, кој ги утврдува основните етички принципи и го полага филозофскиот фундамент на раниот будизам. Вклучен е како составен, но целосно независен дел во средниот дел Сута-питака од Типитака, т.е. од будистичкиот Пали-канон. Текстот претставува збир од 423 изреки групирани во 26 тематски поглавја. Изреките се кратки и лаконски и се…

Повеќе...

5 книги кои Бил Гејтс препорачува да ги прочитате

До неодамна тој беше најбогатиот човек во светот, а откако веќе не е на чело на компанијата Microsoft, Бил Гејтс има многу повеќе време за читање и пишување рецензии за книгите кои ги чита. Тој направи листа од 5 книги кои смета дека секој треба да ги прочита. Со неговиот блог Gates Notes, тој се претставува на јавноста и како одличен критичар на книгите кои ги чита, а често пишува и препораки за оние кои сакаат да се доближат до начинот на размислување на познатиот мултимилијардер. „Иако е интересно да се…

Повеќе...

Нова книга од серијалот „A Song of Ice and Fire“ излегува оваа година

Исклучително бавниот автор на „Game of Thrones“, односно на серијалот книги „A Song of Ice and Fire“, Џорџ Р.Р. Мартин, најави дека оваа година ќе излезе уште една книга од познатата франшиза, но тоа нема да биде долгоочекуваното шесто продолжение, „The Winds of Water“. Новата книга ќе биде одвоена од главната приказна и ќе биде пишана историја на семејството Таргариен, а нејзиното име е „Fire and Blood“. Џорџ Р.Р. Мартин потврди дека новата книга ќе излезе годинава на неговиот LiveJournal, а таму напиша дека иако љубителите на „Game of Thrones“ ја…

Повеќе...

Епохата на естетскиот плурализам – дебата за критиката

По повод 90-годишнината од раѓањето на академик Милан Ѓурчинов, Друштвото на писателите на Македонија организира трибина под наслов „Епохата на естетскиот плурализам – дебата за критиката“, во која ќе учествуваат академците Влада Урошевиќ и Али Алиу, како и докторите Елизабета Шелева, Лидија Капушевска Дракулевска и  Димитрија Ристевски. На трибината, што ќе се одржи непосредно по одбележувањето на 71-годишнина од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија, 13 февруари, претседателот на македонската писателска асоцијација Веле Смилевски на Милан Ѓурчинов ќе му предаде Повелба на ДПМ по повод неговото 60-годишно членување во…

Повеќе...

По повод роденденскиот месец на Култура, Традиционалниот ноемвриски саем (14-25.11.2017) ќе биде отворен со „Потекло“ од Ден Браун.

Најновиот роман на Ден Браун „Потекло“ (во оригинал ORIGIN) ја доживеа својата светска премиера на 3 октомври оваа година. Авторската агенција на Браун и овој пат успешно ги менаџираше сите премиери на преводите на романот, па така набрзо од светската премиера македонските читатели ќе може да го читаат делото во македонски превод веќе од 14 ноември. Од мајсторската рака на Браун  читателите ќе можат да доживеат нова авантура во светот на кодираните пораки. Овој пат една кодираната порака ќе ги одговори двете фундаментални прашања на човековото постоење – Од каде…

Повеќе...