Патолошки лажговци во време на корона

Кој лаже, тој краде, вошки има и на таван спие… Ова е една од народните верзии за опис на ликот и неделото на лажгото, барем онака како што нашите стари го виделе. Има повеќе варијанти, но со слични зборови и идентична конотација. Минале многу години од моментот кога некој народен бард ја смислил и сковал реченицата која и ден-денес на шега се користи, а реално, ништо многу-многу и не се променило. Како и секогаш, народецот наш бил мудар и воочувал работи кои биле и ќе бидат трајни и исправни, ама засекогаш.…

Повеќе...

Вирусари од сите страни, обединете се!

Пишува: Панде Колемишевски Нова Македонија Нема на светот власт што не е критикувана од опозицијата, како што нема опозиција што не ја критикува власта. И нема власт што, на еден или друг начин, не ја напаѓа опозицијата и што не се брани од опозициските млаки критики или жестоки напади. Во политиката, било вистинска, било кулоарска, како и во политичкото новинарство има две најлесни работи – едната е да ја гледаш власта со розови очила и да ја фалиш колку сакаш, а другата, да ја критикуваш истата таа, да ја правиш…

Повеќе...

ЈАНЕВСКИ: Ако треба ќе умреме, ама „Слушај го Филипче“ не го даваме!

Дарко ЈАНЕВСКИ Во овие 30-тина години, бандата на СДСМ има два столба на делување: едниот е крадење, другиот е пропагандата и пропагандите фабрики со помош на своите регрути. Совршен концеп на создавање на држава на олигарси, на криминалци-политичари и на пропагадни војници, сите впрегнати во демонтирањето на оваа држава, од времето на економскиот пустош на папата Бранко, Рамковниот на Али Ахмети и неговото внесување во владата како политичар од западен ков (борец за слободи и права), а не терорист, па се до денешниот проект за Северна под мотото: „Името нема…

Повеќе...

Ме мрзи да смислувам наслов

Слушам, либералново, ем атеистичко граЏанство, се пенавело околу причеста. Демек, сега кога сме ја имале коронава околу нас, државата мора да му забрани на свештенството да причестува затоа што причеста се правела со иста лажичка. А-ха, океј. Еве, јас што имам да кажам. И да се осмели државата да направи нешто толку идиотски, па да забрани причест, свештениците и по цена на затвор, море и под закана од смрт, не смеат да престанат да причестуваат. Зошто? Е тоа е тајна. Каква тајна? Ете таква, света тајна, две илјади години стара…

Повеќе...

ЈАНЕВСКИ: Кога „блескавите“ Влада и Филипче ја бијат корона

Дарко ЈАНЕВСКИ Ете се изначитавме и изнаслушавме какви се не корона мерки презеле Филипче, па Владата, па не знам кој… Со заеднички именител дека и на ова поле „Блескаме“. Некако при тоа заборавивме дека бевме најрелаксирана или една од најрелаксираните земји во Европа, а паниката настана откако омилената докторка на Филипче се расшетувала по работа, по симпозиуми и низ градот со вирусот во себе. Всушност поради неа, следниот ден, кога се дозна за случајот, неколку професори од „Владо Тасевски“ ги пуштија децата од две-три одделнија дома, а истовремено родителите почнаа…

Повеќе...

Професор д-р Оливер Андонов -Медиокритет

Кога во една претходна колумна Ви глаголев за политички некоректното однесување на лицето Зоран Заев и неговиот извршител Спасовски, сакав да посочам дека политичката парадигма на 21 –от век е нешто сосема различно од однесувањето на Заев во македонската политика. Секако, не сум наивен да мислам дека СДС има различна матрица од неговата персонална за да може на друг начин да води политички „натпревар“ освен на ним својствен начин – дерогирање на политичкиот процес, кој јас еуфемистички го нареков „политичка некоректност“. Но, СДС и Заев не би биле тоа што се,…

Повеќе...

ЉУБЕ АРНАУДОВ – КОРОВ ПОЛИТИЧАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Арамбашо, на коров политичарите во Македонија, изминативе 3 (три) години нé победивте бидејќи располагавте со груба сила, поткрепени од непринципиелна поддршка на политичари поединци од меѓународната заедница и разурнувачкото, антинародно, антицивилизациско, антидемократско противправно, простачко и идиотско дивеење на правосудството, но НЕ НÉ УВЕРИВТЕ. Повторувам, победивте но никого не уверивте! Затоа сега доаѓа противударот од оние кои не ги уверивте, титаните на македонскиот опстој. Тоа се јунаци кои не се фалат, не се удираат во гради, секогаш исправени и спремни да возвратат на секој оној што го негира нивното минато, ја…

Повеќе...

Јани Бојаџи – Лумпенбуржоазија

Јани Бојаџи, режисер Што е следното што треба да се сруши, драги мои анархисти? Ова е можеби најтешкиот дел од нашето градење држава – кога треба да се руши и гради. Како е кога треба да рушиме нешто – истовремено градејќи го?! Македонија, драги мои, е капиталистичка држава, во која сѐ уште не е јавно објавено дека е! Во нашата земја триесет години се води процес на протокапитализација, со општ грабеж на заедничкото економско богатство создавано од 1919 година, па до денот кога беше формирана Агенцијата за приватизација! Што е…

Повеќе...

Тоа што ќе се случува, веќе се случило

Дедо, дедо, што е тоа НАКТО? Норт атлантик конспираси теори организејшн. А што значи тоа? Северноатлантска организација за теории на заговор. И каква е, дедо, таа организација? Уф, таа веќе не постои. Ама немаше поважна и посилна организација од НАКТО на целата планета Земја. Нашата „Северна Држава“ триесет години се бореше да влезе во таа организација. Дедо, а зошто нашата северна држава ја викаме „Нашата Северна Држава“? Зошто за она што е наше мора да кажеме дека е наше? Па, да се знае дека нашето е наше, а не нивно.…

Повеќе...

д-р Анита Ангелевска -НАМЕСТО СРЕЌЕН 8 МАРТ

НАМЕСТО СРЕЌЕН 8 МАРТ Осми март годинава е фокусиран на темата – еднаков свет е свет на можности. Овој ден нуди можност да размислиме за постигнатиот напредок, да повикаме на промени и да им оддадеме признание на сите чинови на храброст и решеност на обичните жени, кои одиграле значајна улога во историјата на нивните земји и заедници. Образованието е еден од начините за остварување личен развој и изградба на односите меѓу поедици, групи и народи, па поради тоа многу е значајно да му биде посветено доволно внимание. Во соочувањето со…

Повеќе...