Наместо најавените 49 милиони евра, денеска владата не задолжи за 80 милиони евра

Владата на Република Македонија денеска ја задолжи државата за нови 80 милиони евра, наместо за 49-те милиони кои беа најавени претходно. На денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 4,9 милијарди денари (80 милиони евра). На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,3 милијарди денари со камата од 0,80%, 5-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1 милијарда денари со камата од 1,70% и 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1,6 милијарди денари со камата од 3,20%.…

Владата утре ќе ја задолжи државата за нови 49 милиони евра

Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии за утре закажа нова аукција на хартии од вредност со која планира да повлече нови 3 милијарди денари односно 49 милиони евра. Доколку се соберат сите задолжувања само во 2019 година и се додаде ова задолжување кое се планира, тогаш вкупното задолжување за првите 5 месеци од годината изнесува огромни 317,4 милиони евра. Претходно, владата на 17 –ти минатиот месец се задолжи за огромни 39 милиони евра. Она што е посебно алармантно е зголемувањето на долгот на државата…

Задолжувањата на ова Влада веќе не се на месечно, туку на НЕДЕЛНО НИВО!

Ново задолжување – каматите годинава „ќе изедат“ 149 милиони евра   Продолжува задолжувањето. Министерството за финансии планира неделава да запише државни хартии вредни 19.51 милиони евра односно 12 месечни државни записи во износ од 11.38 милиони евра, како и 5 годишни државни обврзници во висина од 8.13 милиони евра. Според календарот за неделава е предвидено и раздолжување, но за пониска сума или за 9 милиони евра. Со тоа долгот дополнително се зголемува за околу 10 милиони евра. Во последните три месеци е зголемен за 40 милиони евра. Според последните податоци,…

Од каде ќе увезува Македонија работници?

Масовното иселување поради ниските плати и лошиот образовен систем во земјава го создаде проблемот на недостиг од работна сила, кој стана најголем ограничувачки фактор за економијата. Решението на проблемот, велат од Владата, се гледа во државна парична помош при обуки за квалификувани работници, но и во увоз на работна сила од странство. По ова, се наметна прашањето од кои држави би доаѓале работниците, бидејќи тие можеби уште помасовно се иселуваат и од соседните земји. Освен тоа, увозот на работната сила, според експертите, може да биде само привремено решение, додека за…

Синдикалците бараат поголеми плати во јавниот сектор

Членовите на неколку синдикати, меѓу кои и на Синдикатот за образование, наука и култура денеска мирно протестираа на плоштадот во Куманово. Бараат Владата преку ресорните министерства да ги исполни барањата од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), а во спротивно, веднаш по изборите е предвидено да се случи генерален штрајк во јавниот сектор – детската заштита, образованието, науката, културата, судството, јавните претпријатија. Станува збор за барањата на синдикалците поврзани со зголемување на платите, како и со поголемата вклученост при изработувањето закони. Освен ова, планирано да има уште еден масовен протестен собир…

Бизнис форум Македонија-Грција: Да се искористат можностите за позасилена економска соработка

Од стагнација во меѓусебните односи, двете земји сега може да соработуваат, да ги искористат можностите и да се отстранат пречките за позасилена економска соработка. Денес е историски ден, што ќе се памети во двете држави. Грција е влезна точка, а Македонија е транзитна точка на сите иницијативи и проекти и затоа мора да се искористат можностите од Преспанскиот договор. Ова го посочија премиерите на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во поздравните обраќања на Бизнис форумот  Македонија-Грција што се одржува попладнево во Скопје. – Ова е…

Анѓушев призна дека ВМРО-ДПМНЕ беше во право за економските политики во државата

Вчера Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања гостуваше на 1ТВ каде што призна дека лошата економска анкета се должи на зголемување на даноците и поради забелешки во делот на царински тарифи. -Забелешките беа пред сè за даночната политика и никој стопанственик не му е пријатно зголемување на даноците, пред сè во делот на данокот за персоналните даноци, зголемување на персоналните даноци при делењето на добивките. И исто така значи имаат забелешки во делот на царинските тарифи кои можеби се делумно оправдани. Бидејќи кај нас царинските тарифи сè уште од времето на Социјалистичка…

Банките полни со пари, но малите и средните фирми тешко доаѓаат до кредити

Банките нижат профити, но парите тешко стигнуваат до бизнисот. Европските делегати сметаат дека за поконкурентни мали и средни претпријатија со повеќе работни места и поголем раст на бизнисите потребен е полесен пристап до финансии. “Пристапот до финансии за компаниите сè уште е проблем. Иако банкарскиот сектор во Македонија е многу профитабилен и ликвиден, мислам дека има уште многу проблеми поради што свежите пари со тешкотии стигнуваат до малите и средни компании”, вели Јанмат Фрик, раководител на проекти, ЕУ. Преку ЕБОР македонските мали и средни фирми имаат на располагање 36 милиони…

Анализата на Фајнанс Тинк покажува дека со мерката на Заев за повраток на ДДВ сиромашните ќе вратат само 12 евра годишно

Според анализата направена од страна на Институтот за економски истражувања Фајнанс Тинк, најбогатите ќе имаат најголем ќар од мерката повраток на ДДВ од 15 проценти, односно оние кои што годишно трошат по 20.000 евра ќе успеат да вратат нешто помалку од просечната плата, односно 22.238 денари или околу 400 евра, додека пак, најсиромашните ќе добијат назад само 738 денари годишно. Според пресметката на Институтот средната класа во државата преку повратот на ДДВ ќе добие меѓу 50 и 100 евра годишно. Од Министерството за финансии велат дека сите детали ќе ги…

Странските компании во земјава очекуваат промени во судството кои ќе гарантираат владеење на правото

Странските компании во земјава кои помагаа за придвижување на домашната економија  бараат законите да не бидат само на хартија туку да почнат да се  применуваат во пракса.  Очекуваат во судството да има сериозни промени и оваа инситуција да гарантира владеење на правото, вели евроамбасадоор Жбогар. Жбогар ги слушна  барањата на бизниз заедницата. Меѓу нивните приоритети е остранување на сите  бариери  за формирање на единствена регионална економска област за шесте држави од Западен Балкан каде функционираат преку 22 милиони фирми. Целта на бизнис секторот е  македонскиот БДП да е приближно колку…