Запленети 300 килограми марихуана, приведен маж од Бутел

Полицијата при претрес на домот на триесетгодишен скопјанец во населбата Бутел откри и заплени 300 килограми марихуана. -Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје денеска, врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија од преземени мерки и активности, изврши претрес во домот на Х.Е. (30) од Скопје, општина Бутел. При претресот пронајдени се 229 кеси со марихуана со вкупна тежина од околу 300 килограми. Х.Е. е приведен, а марихуаната е предадена за вештачење и  мерење, соопшти МВР. По целосно документирање на…

Мешале хероин со кофеин и парацетамол: Уапсени тројца велешки дилери

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против А.Д.(35) од Велес за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, против А.М.(35) од Велес за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори и овозможување на употреба на наркотични дроги, и против Д.Р.(30) и Б.З.(29), двајцата од Велес за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори. На 7 декември на улица „Стефан Богоев” во Велес , од страна на полициски службеници, при претрес…

Обвинение за венецуелскиот државјанин фатен со дрога на скопскиот аеродром

Обвинение за продажба на дрога денеска поднесе Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје против Венецуелец кој минатата недела беше уапсен на Аеродромот Скопје каде сакал да прошверцува околу два килограми кокаин.Како што соопштија од ОЈО, заедно со обвинителниот акт, јавниот обвинител до судот доставил и Предлог за продолжување на мерката притвор. -Станува збор за државјанин на Венецуела, со потекло од Египет, кој допатува во Македонија на 5 делември 2018 година со лет на релација Цирих-Скопје. Царинските службеници на скопскиот аеродром, при извршен личен преглед и преглед…

Голема полициска акција во тетовско, пет странски државјанки изнесени со лисици

Ноќеска од 23,00 до 04,00 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, тетовското сопственост на Х.А.(29) од Боговиње. При контролата, во објектот биле затекнати пет странски и шест македонски државјанки. Петте женски лица од Република Србија на возраст од 21 до 29 години приведени се во Полициската станица Тетово и по кусото задржување, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.  

Со сведочење на Нинџа продолжува судењето за „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година. На денешното рочиште одбрана треба да дава обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, кој има предложено тројца сведоци. На минатото рочиште од правото да изнесат одбрана се откажаа обвинетите Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо и Митре Питроповски. Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска. За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок…

Казнети 13 возачи кои зборувале на мобилен телефон

Осум лица се здобиле со полесни телесни повреди во седум од вкупно десет сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје, а во три била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четворица возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување и тројца возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата. Тринаесет возачи биле казнети поради користење мобилен телефон. Од…

При претрес во домови пронајдени оружје и дрога

Полицијата во домовите на двајца скопјани пронајде и одзеде 200 грама хероин, околу 500 грама марихуана, околу 20 грама кокаин, околу 100 грама хашиш, 10 таблети екстази како и четири дигитални ваги, пиштол „Ekol“ со рамка, револвер, околу 20 куршуми различен калибар, повеќе сим картички, панцири, фантомки и лисици, еден пушко – митролез и марихуана. Министерството за внатрешни работи соопшти дека Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија ги лиши од слобода М.М. (26) и Ф.Ј. (20) од Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела „недозволено…

Сашо Мијалков останува во притвор

Тројцата судии на кривичниот совет не му ја прифатија жалбата на Сашо Мијалков да се брани од слобода за притворот во случајот „Империја“. Мијалков останува во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, а на судење ќе го носи затворската полиција. -Постапувајќи по жалба на одбраната на обвинетиот С.М. изјавена против  решение на судија на претходна постапка со кое се прифаќа предлогот на  Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои  произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување  мерка притвор во предметот од обвинителството означен како „Империја“,  кривичниот совет при…

Кривична против двајца Црногорци и еден државјанин на Перу за шверц на кокаин

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со канцеларијата на ДЕА во Атина (служба за борба против дрога на САД), како и со службите за борба против дрога на Црна Гора и Косово приведе три лица поради недозволена трговија со кокаин и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(61) и А.Ѓ.(24), двајцата од Црна Гора, како и против Ј.Ц.А.Г.(48) од Перу поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични…

Пронајдени марихуана, хероин и метадон: Дилер од Скопје падна во рацете на полицијата

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Р.Н.(39) од Скопје поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ. Имено, на 30-ти ноември со наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот при што пронајдени се марихуана, хероин и 307 шишенца во кои имало раствор на метадон.