Албански научник бара муслиманите и христијаните во Македонја да гласат против НАТО на референдумот(ВИДЕО)

Албанскиот историчар Олси Јазеџи објавува видео во кое бара Македонија да не станува членка на НАТО. Тој не зборува ништо против ЕУ но остро го критикува НАТО како организација која сака конфликт во кој ќе биде вовлечена и Македонија. Во видеото албанскиот историчар апелира до Албанците Муслимани во Македонија да гласааат против НАТО на референдумот. Според него НАТО е империјална сила која што бомбардирала неколку муслимански земји во последниве децении и наскоро ќе ги нападне Турција, Русија и Иран. Неговата порака е дека ако луѓето сакаат мир , без разлика…

повеќе

Мицкоски: Ајде еднаш да направиме поинаков чекор и да не го прифатиме она што ни го нудат на маса, затоа што е штетно, погрешно и манипулативно

Помина речиси една година од моето водење на ВМРО и ќе ги поздравам оние кои наметнуваа апокалиптични сценарија за партијата, за она што ќе се случувало внатре и како јас нешто сум договорал со Заев, и како ќе сме ја наведнеле главата и поддржеле договорот со Грција, ќе сум застанел рамо до рамо со него. И сите тие кои ова го збореа и прогнозираа сега ги гледам како го напаѓаат нашето противење на договорот, а јас и во јуни исто како и сега ви велам овој договор е штетен и…

повеќе

Македонија на 27 септември го започнува скринингот за почеток на преговорите со ЕУ

На 27 септември започнува подготвителниот период за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. Вицепремиерот и шеф на делегацијата на Македонија за преговори со ЕУ Бујар Османи на прес-конференција денеска објави дека ќе ја предводи македонската делегација во Брисел која на 27 септември ќе го започне скринингот за поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права. Во делегацијата, која ќе брои четириесетина лица од повеќе министерства институции, ќе биде и министерката за правда Рената Дескоска. – Во Европската комисија ќе го започнеме објаснувачкиот скрининг. Од страна на ЕК ќе биде презентирано…

повеќе

СТОЛТЕНБЕРГ ПОВТОРНО ЗА „ВАШАТА ЗЕМЈА“: Иднината е во вашите раце, ве чекаме во НАТО

Сега е време вашите гласови да бидат слушнати. Ова е можност што се укажува еднаш во животот. Вратата на НАТО е отворена. Но, само граѓаните на вашата земја можат да одлучат да ја поминат. Затоа, вашата иднина е во вашите раце. Ве чекаме во НАТО, порача денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Повторно покажавте храброст, вели во видеообраќање Столтенберг, да го пробиете вашиот сопствен пат кон неизвесност, мир и безбедност. Историскиот договор за спорот со името ја отвора можноста за рамноправно членство во меѓународната заедница, вклучувајќи го рамноправното членство во…

повеќе

Нападната екипата на Економски Лидер пред вилата на Шилегов во Маврово

Екипата на порталот Економски Лидер денеска беше нападната во Маврово откако била спречена да го снима државното земјиште на кое скопскиот градоначалник Петре Шилегов гради луксузна вила. На екипата засега непознати лица им забраниле да снимаат со камерата со образложение дека тоа било приватен имот, иако самиот медиум претходно со целосна документација откри дека всушност станува збор за државно земјиште кое што против законски го узурпирал графоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. По физичкото кошкање снимката денеска ќе биде објавена во вестите 17:30 часот на телевизија Алфа. Новинарот, Љупче Златев…

повеќе

Денеска е Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица

Утрена богослужба, а потоа и света литургија се одржува денеска во православните христијански храмови по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица. Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а Ана од свештеничкиот. Долго време немаа деца, цели 50 години, но имаа цврста вера во Бога и срдечно…

повеќе

Продолжува судењето за „27 април“

Со сослушување на сведоци предложени од обвинителствово денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година. За денеска е закажано сведочење на повеќе сведоци, меѓу кои Курто Дудуш, Душица Мрѓа, Агим Нухиу, Сашо Тасевски, Владимир Трајков… На претходното рочиште беа сослушани само двајца од предвидените сведоци, бидејќи судијката Добрила Кацарска го одложи, откако на обвинетиот Мунир Пепиќ му се слоши и требаше да оди на лекарски преглед. Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко…

повеќе

ДИК: Неопходни се два услови за успешен референдум

Половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на гласање, и половина од излезените избирачи плус еден да гласаат „за“, се двата услови кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30 септември за да биде успешен појаснија од ДИК на денешната средба со новинарите. На новинарско прашање дали има разлика во условите што треба да се исполнат кога референдумот би бил обврзувачки, од ДИК посочуваат дека има разлика, а тоа зависи од она за што се распишува референдумот. Кога има задолжителен референдум, потребно е апсолутно мнозинство, односно 50…

повеќе

Иднината Дојде: Во МТВ со Закани за Децата Хунтата и УЧК Забранува Пуштање Македонски Патриотски Песни!

Додека од свој џеб преку даноци во буџетот ќе плаќаш снимање на шиптарски екстремистички песни, во МТВ УЧК “советници за култура” ти воведуваат забрана за објавување на песни во кои се опејува Македонија. На непослушните им се закануваат со децата. Закани на вработени во МТВ ако информацијата за забрана за објавување на песни во кои се опејува Македонија биде објавена од нив.  Планот на хунтата е целосно духовно и физичко истребување на Македонците од нашите дедовски огништа и бришење на македонската култура, дух и историја од овие простори: Иднината Која ни ја…

повеќе

НИКОЛОСКИ ЗА УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ: Аманданите на македонскиот Устав се напишани, ги составила грчката Влада

Александар Николоски: „Според наши информации, ја повикувам Владата да не демантир, уставните измени во делот на промената на името од Република Македонија во Република Северна Македонија, промената на преамбулата, членот 3 и членот 49 се веќе напишани и тоа е завршена работа. Измените им биле дадени од страна на преставниците на македонската влада од страна на Грција во вид на нон-пејпер, така што дури и амандманите на Уставот не ги пишува македонското Собрание како што е редот во постапка која треба да почне после референдумот, туку веќе ги има напишано…

повеќе