Обвинителството во Грција отвори истрага, кривична за тие што се против Преспанскиот договор

Oбвинителката на Врховниот суд на Грција, Ксени Димитриу нареди да се спроведе кривична истрага за заканувачките пораки што биле испраќани до пратеници кои го поддржуваат Договорот од Преспа. Интервенцијата на обвинителката е да се утврди дали има прекршување на личните податоци и повици за извршување кривично дела, а доаѓа по написите во грчките медиуми, но и по јавно изнесените ставови на дел од пратениците. Дел од пратениците, за грчките медиуми потврдија дека добивале закани преку телефон, а реагираа и од кабинетот на Ципрас, од каде што велат дека станува збор…

Опозицијата обвинува дека се прават страшни закани кон пратеници и нивни роднини од страна на власта

Власта врши жесток притисок врз пратеници, нивни роднини и пријатели, за да ги поддржат уставните измени Македонија е жртва на личната желба за спас на политичката кариера на Зоран Заев. Тоа значи заштита на криминалот на власта, тендерите и нивните бенефиции. За Македонија, значи погазено достоинство, сменето име, сиромаштија и беда, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. Стоилковски вели дека ако минатите месеци бевме сведоци на насилно туркање на уставните измени, денес насилството засилува и кулминира. -Изминатите 24 часа власта врши жесток притисок врз пратеници, нивни роднини…

За Дескоска СЈО е одлично и треба да остане засекогаш

Специјалното јавно обвинителство треба да ја задржи својата независност, бидејќи се покажа како одлично решение и тоа не треба да се изедначи во рангот на Обвинителството за организиран криминал, рече министерката за правда Рената Дескоска на денешниот брифинг со новинарите. Сметам дека политичките партии треба да дадат поддршка за одржување на капацитетот на СЈО и на неговите надлежности, со оглед дека во изминатиов период е вложено во тренинзи и едукација во ова Обвинителство. Значи, Обвинителство кое ќе има одредени гаранции на независност и на автономно одлучување кое покажа резултати во…

Агатангел: Во Македонското собрание имаме 80 одметници кои пловат спротивно од реката на националните интереси

Митрополитот повардарски Г. Агатангел го повика сиот македонски народ, а посебно нашата македонска младина, без страв и одлучно да го кренат својот глас во одбрана на нашата света македонска земја. Го пренесуваме во целост писмото: Драги браќа и сестри, Македонци, Македонки и Македончиња! На неодамнешниот референдум,  народот јасно го искажа своето мислење. Според резултатите, од него, никој не доби овластување да се впушти во промена на нашето вековно име. Основна задача на оние што се бават со политика, а посебно на пратениците во Македонското Собрание, е да ги штитат народните интереси и да спроведуваат…

Османи: Волјата на граѓаните е посилна од скриената рака против уставните измени

Разговорите и преговорите се во тек, се обидуваме да направиме инклузивен процес и јас сум оптимист, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујрам Османи, коментирајќи ги барањата на БЕСА за уставните измени, за чија финална фаза треба да продолжи расправата во Парламентот. Овој процес, нагласи Османи, е неповратен и не верувам дека динамиката за негова имплементација ќе може да се измести. -Се обидуваме да го направиме колку што е можно поинклузивен и попартиципативен, наведе Османи, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за стартот на изградбата на автопатот Скопје-Блаце. Појаснувајќи ја…

Точно на пладне нов обид Северна да влезе во Уставот

Уставните измени во третата и финална фаза денеска повторно пред пратениците во Собранието во рамки на 75. седница, откако вчера закажаната седница беше одложена и презакажана за денеска во 12 часот. Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека се уште се во преговори со партијата Беса на Биљал Касами, која има два пратеника во Собранието, околу нивните барања за уставните измени, со фокус на начинот на кој ќе се дефинира државјанството и за заштитата на дијаспората, но засега нема официјални информации за текот на преговорите. – Не можам да кажам дали…

Одобрено обвинението за „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Во целост е одобрено обвинението за случајот „Талир” од Советот за оценка на обвинителен акт при Одделението за гонење организиран криминал и корупција во Основниот суд Скопје 1. „Советот за оценка на обвинителен акт при Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во предметот од обвинителството означен како „Талир” за незаконско финансирање на правно лице – политичка партија, по одржана јавна седница во…

Бачев: Тројца пратеници се заклучени во Собрание и врз нив се врши невиден притисок

Тројца пратеници се заклучени во Собранието каде што е присутен и локалниот раководител на ЦИА, Дејвид Стивенсон, и врз нив се врши невиден притисок за да гласаат за уставните измени, обвини лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев. „Имаме информации дека седницата е одложена бидејќи тројца пратеници не сакаат да ги прифатат барањата на Беса и одбиле да гласаат, сега тие тројца пратеници се заклучени во Собранието, каде што е дојден и Дејвид Стивенсон и врз нив се врши невиден притисок”, изјави пред демонстрантите Јанко Бачев, претседателот на Единствена Македонија. Тој…

СНЕГОТ ЈА ЗАРОБУВА МАКЕДОНИЈА: Отсечени села и непроодни патишта во повеќе региони

Снежните врнежи го блокираа сообраќајот на повеќе патишта во Македонија кон повисоките населени места, во сила се забрани за камиони преку повеќе планински превои, а движењето на возилата е отежнато и забавено. Ависообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје досега се одвива без проблеми и според информациите од веб страницата, се реализираат полетувањата и слетувањата. – Во скопскиот регион се непроодни патните правци кон повисоките населени места на Скопска Црна Гора, односно селата Брест, Танушевци и Малино во општина Чучер Сандево не се проодни, а тие села немаат и електрична енергија. Во…

Заев: Џиновски компании чекаат да го смениме името за да инвестираат

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека 2019 година ќе биде година на економски раст, особено ако помине процесот на уставните измени. -И Грција сака да се реши овој спор. И ним им тежи. Алтернатива друга за ЕУ и НАТО нема. Јас не ни сакам да помислам дали ова ќе успее, ќе успее. Да учиме од минатото, но да гледаме во иднината. Сите индикатори ни даваат за право 2019 да ја прогласиме за година на економски раст. Ако го фатиме бранот на НАТО и ЕУ, Македoнија…