По овој модел на костим за капење жените ќе полудат летово (ФОТО)

Летните денови се доближуваат, а жените и девојките ширум светот повторно ја имаат истата дилема- што од оваа сезона ќе биде хит бикини? Еден ретро модел ќе биде во фокусот, а добра вест е дека кај повеќето жени и вешто ги крие потенцијалните недостатоци. Станува збор за еднделен костим за капење со додаток на појас околу половината, а тоа е токму детаљот кој ја прави женската фигура подобра од било кој друг модел. Не само што ременот и визуелно ќе ја истакне половината, туку овој едноделен костим и ќе го…

повеќе

Префинети и елегантни венчаници во новата линија на Елена Лука

Деновиве модната куќа Елена Лука го подготвуваше фото едиторијалот за новата колекција венчаници за претстојната сезона, пролет-лето 2018. Ние имавме можност да присуствуваме на фото сесијата и први да „ѕирнеме” какво изненадување им подготвува нашиот моден бренд на идните невести. Може да посведочиме дека новата линија венчаници е љубов на прв поглед. Секој венчален фустан е приказна за себе, во која ќе се пронајдат невестите кои обожуваат префинет, елегантен и софистициран стил. Елена Лука во својот препознатлив дизајн секогаш внимава на секој аспект и детаљ, што веднаш се препознава во…

повеќе

ElenaLuka во борба против гладот

Денес во црквата Св.Спас во Скопско Драчево,на Elena Luka т.е на Елена Пандева и беше одадено признание за нејзиното општесвено активно дејствување.  Всушност им беше доделена Благодарница од страна на хуманитарната организација Свети Спас на  Елена Лука за нивното активно учество во борбата против гладот, по повод две години постоење на хуманитарната организација Свети Спас. Им честитаме на тимот на Elena Luka  на хуманоста и на  нивниот постојан ангажман во општествено одговорното делување кон заедницата и им посакуваме уште поголеми успеси на полето на хуманоста ,и нека бидат пример за…

повеќе

Морската мистика е инспирација за новата колекција на Оскар де ла Рента

Животот покрај море ги инспирираше Лора Ким и Фернандо Гарсија во креирањето на концептот за новата меѓусезонска колекција на Оскар де ла Рента.Морските вибрации и разиграниот дух на летото, лесно ќе ги воочите во оваа совршено нослива колекција, преку рачно везените апликации и принтови инспирирани од богатата флора и фауна.Со оглед на тоа што колекцијата ќе биде пуштена во продажба пред почетокот на летото, комбинациите се спој на облека изработена од лесни, лелеави и пријатни материјали со топли палта, капути и бунди, со што е направен микс од парчиња наменети…

повеќе

Искинати, везени или со крпеници – какви фармерки носите оваа сезона?

Фармерките, нашето омилено модно парче се повторно во центарот на вниманието кога станува збор за лежерен изглед. Вистинското прашање е дали некогаш воопшто излегле од модниот фокус? Оваа сезона можеме да забележиме многу варијации на темата фармерки, но 3 типови дефинитивно се издвојуваат: искинатите фармерки, фармерките со везови и т.н. „кроени“ или „крпени“ фармерки. Кој е вашиот омилен модел? Искинати фармерки Овој тип на фармерки веќе ни е премногу добро познат. Дефинитивно не станува збор за некој новитет, но сепак измената кај овој модел на фармерки главно се однесува на…

повеќе

Лекции за улична мода од Џулијан Мур, Ела Хоск и Кристен Стујарт

Доколку овие денови имате во план да купувате нова потопла облека, имајте ги во предвид парчињата облека во жолта и розова боја. Исто така, тоа што не смеете да изоставите е добра капа, по можност тоа да биде беретка, додека чизмите во црвена боја се MUST HAVE. Овој пат инспирација за уличната мода ни се Џулијан Мур, Кристен Стујарт и Елса Хоск. Овие дами ќе ве научат на важни модни лекции кои веднаш ќе ги прифатете. Овие модни комбинации се полн погодок за студените денови, а вам да ви биде…

повеќе

На само 2 денови до најгламурозната ревија, организаторите се справуваат со големи проблеми

Уште многу малку нè дели од најголемиот и најгламурозниот моден спектакл на годината, ревијата на Викторија Сикрет. Сепак, многу работи се под знак прашалник, организаторите се во паника, а секој ден пристигнуваат лоши вести. Во понеделник на 20 ноември славните ангели, најубавите и најплатените манакенки на планетата ќе прошетаат на модната писта која ќе биде поставена во Шангај. Односно, овој настан ќе се случи на 20 ноември, но ќе биде прикажан на 28 ноември. Целата подготвка за ова шоу чини многу пари, а организаторите се справуваат со многу компликации кои…

повеќе

Виктор Кајзер за Astibo Fashion Group дизајнира колекција по мерка на современата жена

Современата архитектура, напредокот во технологијата, модерната уметност и урбаното живеење отсекогаш биле инспирација во работата на младиот македонски дизајнер Виктор Кајзер. Прецизноста, визијата и иновативноста со кои ги креираше своите досегашни самостојни колекции, ги пренесува и во својот нов ангажман- за познатиот домашен бренд Astibo Fashion Group. Тој внесува свежина и нова младешка енергија во препознатливата македонска текстилна куќа, која покрај големите налози за странски брендови овој пат лансира своја колекција. -Целиот концепт е сведен на нослива облека која прикладно може да се вметне во сечиј женски ормар . Инспирацијата…

повеќе