“Maкедонија не ја даваме” oд Јордан Митев ги освојува социјалните мрежи!

Понекогаш не е важно кога некоја песна ќе биде објавена туку кога ќе го најде својот пат до публиката, а токму тоа се случува со „Македонија не ја даваме“! Песната на Јордан Митев, “Македонија не ја даваме”, иако се појави во 2017 година, деновиве како „вирус” се шири на социјалните мрежи. Се работи за прекрасна мелодија за која текстот, музиката и аранжманот се на изведувачот Јордан Митев, а продуцент е Љупчо Павловски.Слушнете ја во продолжение: Под видеото на Фејсбук многу коментари а ние издвоивме еден од Розика Митева: „Господе чуј…

На 6-ти јуни 2019-та, во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје доаѓа најголемата ѕвезда на нашето време Виртуозот на виолина Андре Риу

На 6-ти јуни 2019-та, во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје доаѓа најголемата ѕвезда на нашето време. Светската ѕвезда Андре Риу (André Rieu) е несомнено еден од најпопуларните интернационални музичари на нашето време. Насекаде прославен како современиот „крал на валцерот“ од Мексико до Австралија, Андре Риу свири во своја сопствена лига пред 600,000 публика годишно, надминувајќи ги дури и супер-ѕвездите како Бруно Марс, Еј-Си/Ди-Си или Риана. Во организација на Пасворд Продакшн, на 6-ти јуни 2019-та Андре Риу ќе настапи во живо во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје со неговото бомбастично сценско шоу во…

Дејвид Боуви прогласен за најдобар изведувач на 20. век

Британците преку јавно гласање на Би-би-си го прогласија легендарниот пејач Дејвид Боуви за најдобар изведувач на 20. век. Тој почина на 10 јануари 2016, по битка со ракот. Боуви е најпознат по хитовите „Space Oddity“, „Life On Mars“, „Heroes“, „Changes“, „Five Years“ и „All The Young Dudes“. А пак, неговата смрт беше инспирација за неговата „лебедова песна“ – посмртниот, 25-ти албум под наслов „Black Star”, кој како изненадување беше објавен на 71. роденден, два дена по неговата смрт. Гласањето се однесуваше на постигнувањата на најважните и највлијателни личности на 20.…

Слушнете ја „Небо и земја“: Најубавата македонска божикна честитка за 2019 година (ВИДЕО)

Здружението „Бадникови поворки“ направија божикен подарок за верниците со спот за песната „Небо и земја“ во која учествуваат Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Некст Тајм, Љубојна, Златно Славејче, Ивица Јанкуловски (студио Алшар), Владимир Димовски (аранжман), Петар Христов (кларинет), Тимко Чичаковски (канон), Симона Богоевска (харфа), Владимир Цветковски ,(виолина), Владимир Димовски (виола), Кирил Јосифов (виолончело), Митко Иванов (контабас).

Одложена турнејата на Ју-ту откако на Боно му откажа гласот

Групата Ју-ту мораше да ја одложи својата европска турнеја откако на пејачот Боно (58) му откажа гласот за време на концертот на Мерцедес Бенц Арената во Берлин. За време на концертот било јасно дека Боно има проблеми со гласот и тој постојано имал покрај себе термос со чај. Конечно, Боно мораше да побара помош од посетителите за да ја отпее песната „Убав ден“ по што се повлече зад бината и веќе не се врати. Обожавателите на Ју-ту кои веќе купиле билети за нивните концерти подоцна биле информирани дека концертите ќе…

НОВ АЛБУМ ОД ТОШЕ ЌЕ СЕ ПРОМОВИРА НА 13 ОКТОМВРИ

На 13 октомври ќе биде промовиран албум со нови, до сега необјавени песни од Тоше Проески. „ Албумот е со наслов “Secret place” и на него се наоѓаат седум нови песни на англиски јазик како и три преработки на познати хитови“, ни изјавија од Меѓународната Фондација „Тодор Проески“. „ Албумот се работеше во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше „The Hardest Thing““, додаваат од Фондацијата. По нивен избор, избрана е и насловна фотографија од Тоше за албумот, која е една…

Аудиција за претставник на Македонија на Јуниорски Евросонг 2018

Аудиција за избор на вокален интерпретатор, кој ќе ја претставува Македонија на Јуниорски Евросонг 2018, ќе биде одржана во сабота (18 август), со почеток од 10.00 часот, информира Македонската радио телевизија. Пријавувањето за аудицијата, што ќе се спроведе во студиото М-3 на Македонската радио телевизија, е отворено од 6 до 16 август 2018 година. Децата учесници на аудицијата траба да бидат на возраст помеѓу 10 и 15 години на денот на финалната манифестација, што ќе биде одржана на 25 ноември 2018 година. Тие треба да исполнат две композиции по сопствен избор,…

ЕЛЕНА АНДОНОВСКА ГО ПРОМОВИРАШЕ АЛБУМОТ “КОЈ ШТО МЕ ЧУЕ ДА ПЕАМ“ – (ВИДЕО СПОТ- БОСО МОМЕ 2018)

Пејачката Елена Андоновска го промовираше својот нов музички проект насловен “Кој што ме чуе да пеам“. За нашите следачи и поддржувачи во прилог ексклузивно: видео записот од  Елена Андоновска – „Босо моме„ ,и секоја чест за изведбата ,аранжманот на Елена ,со која во најбрзо време ви најавуваме ексклузивно интервју – Уживајте! Албумот содржи десет композиции кои се преработки на македонски народни песни испеани од познатите македонски доајени Васка Илиева, Вања Лазарова, Костадинка Палазова, Петранка Костадинова, Никола Бадев, Кирил Манчевски. Аранжманите на песните ги изработи Александар Јовевски давајки им еден современ…

Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бендот Пантера, починал на 22.06.2018 год  вечерта на 54 годишна возраст. Засега нема информации за причината за смртта на тапанарот на култниот бенд. Вини Пол го основаше бендот заедно со неговиот брат, Дерел „Дајмбег“ Ебот, кој беше застрелан во 2004 година за време на концерт од страна на душевно пореметен посетител. Легендите на хеви метал сцената на во САД како Дејв Мастејн, Пол Стенли и групата Антракс денеска се простија од Вини Пол. Почивај во мир легендо!!! Една од најпознатите нивни…

„Македонско девојче“ ечеше во Минхен: Шпански оркестар со изведба каква што немате слушнато (ВИДЕО)

Изненадувачи е што овој бенд за време на нивниот настап во Минхен, ја извеле најпозната македонска песна „Македонско девојче“ Македонската песна „Македонско девојче“ како еден од најпрепознатливиот симбол за нашата земја, ечеше среде Минхен. Оркестарот „Barcelona Gipsy Balkan Orchestra“ во април направија промоција на нивниот најнов албум насловен како „Avo Kanto“ низ цела Германија. Изненадувачи е што овој бенд за време на нивниот настап во Минхен, ја извеле најпозната македонска песна „Македонско девојче“. Според видеото кое ќе имате можност да го видите подолу може да забележите како публиката реагира на…