Универзумот ќе се распарчи и ќе се рециклира, тврди истакнат астрофизичар

Астрофизичар тврди дека ќе се случи деструктивен инцидент од космички размери кој можеби нема да стави крај на животот каков што го знаеме, но ќе резултира со космичка инфлација и евентуално – нова Голема експлозија. Итан Сигел, астрофизичар и професор на колеџот Луис&Кларк во Орегон, вели дека „Големото распарчување“ (The Big Rip), космички настан сличен на Големата експлозија (The Big Bang), може да се случи околу 22 милијарди години од сега и дека буквално ќе го распарчи универзумот. Концептот за „Големото распарчување“ прв пат го спомнаа Роберт Калвел, Марк Камионковски…

Под истрага е кинескиот научник кој тврди дека генетски модифицирал бебиња (ВИДЕО)

Низ светот одекна веста дека кинескиот научник Хе Џианкуи, за првпат во историјата, успеал да создаде генетски модифицирани бебиња, и тоа отпорни на ХИВ вирусот со кој биле заразени нивните татковци. Хе, кој студирал на престижниот американски универзитет Стенфорд, а работи на Универзитетот за наука и технологија во Шенжен, објасни дека се одлучил на зафатот затоа што ХИВ е голем проблем во Кина. Експериментот со техниката на едитирање гени наречена КРИСПР на крајот „резултирал“ со две здрави бебиња, и тоа сестри близначки. „Двете прекрасни мали кинески девојчиња Лула и Нана…

Неизбежно е да нè погоди метеор од вселената, луѓето мора да ја напуштат Земјата

Луѓето би требало да ја напуштат Земјата или ќе изумрат како диносаурусите, смета професорот на њујоршкиот Сити колеџ, светски познат физичар, футурист и космолог Мичио Каку. Д-р Каку предупредува дека човештвото ќе се соочи со изумирање доколку не колонизира друга планета. “Неизбежно е дека еден ден ќе нè погоди уште еден метеор од вселената и поради тоа нѝ е потребен резервен план”, смета професорот. До 2030 година луѓето ќе имаат населби на Марс, смета тој, и додава дека во релативно скоро време би можеле да ги гледаме нашите внуци како…

Научниците во CERN ќе се обидат да го откријат постоењето на антигравитација

Експериментите ќе бидат насочени кон откривањето на тоа како се однесува антиматеријата во однос на гравитацијата на Земјата Истражувањето на антиматеријата е најверојатно едно од поинтересните истражувања за кои може да се прочита. Тоа посебно е така затоа што науката на овој план е прилично „млада“, па во главно првите тестирања започнуваат од деведесеттите години од минатиот век. Сите истражувања во оваа област не учат за универзумот којшто, иако мислиме дека доста го познаваме, дури сега почнуваме малку да го разбираме. Антиматеријата според теориите, но и според сега веќе достапните…

Дали постои слободна волја?

Во култниот филм на Стенли Кјубрик, Dr. Strangelove, лудиот нуклеарен научник, кој маестрално го глуми Питер Селерс, упорно се обидува да ја сопре својата десна рака која го покажува нацистичкиот поздрав. Иако Strangelove е поранешен нацистички научник, тој всушност страда од невролошкото нарушување, синдромот туѓа рака (Alien Hand Syndrome). Станува збор за ретко невролошко нарушување во кое болниот е сведок на тоа како едната негова рака има сопствена волја. Кога тој со левата рака сака да ја спушти чашата, десната сака да ја крене, кога левата закопчува копчиња на кошулата, десната ги откопчува.…

Научниците чекор поблиску до создавање вештачки ембрион

Меѓународен тим научници сметаат дека се блиску до создавање вештачки ембрион, по користењето на матични клетки од глушец, чија структура овозможува натамошен развој на клетките и ембрионот. Научниците веруваат дека во иднина ќе може да се создаде и вистински човечки ембрион, што ќе овозможи подобро проучување на раните фази од развојот на човекот, преку вештачки, а не вистински ембрион. Тимот е предводен од Магдалена Зерницки – Гец, од Универзитетот Кембриџ. Тие претходно, во лабораториски услови, креирале поедноставна структура која наликува на ембрион од глушец. Тој експеримент подразбирал два вида матични клетки…

Нов тест на крвта детектира рак години пред болеста да се појави

Нов тест на крв може да детектира одредени видови канцер неколку години пред лицето да се разболи и веќе сега се гледа како на значаен напредок во медицината, пишува британски Дејли Телеграф. „Ова откритие покажува дека истражувачите се на праг на нова ера во областа на медицината“, рекол Симон Стивенс, главен извршен директор на Националната здравствена служба на Англија. Со тест на 1.400 пациенти утврдена е 90 отсто точност на процедурата со која се идентификуваат ДНК маркери. Се верува дека овој тест ќе стане меѓународно достапен во наредните пет години.…

Научниците откриле нов ензим што јаде пластика

Научниците случајно развиле ензим што може да го јаде пластичниот отпад кој може да се искористи во борбата против еден од најлошите проблеми со загадувањето во светот, објави Си-ен-ен. Истражувачите од британскиот Универзитет во Портсмут и Националната лабораторија за обновлива енергија на САД (NREL) ја откриле структурата на природниот ензим што се наоѓа во центарот за рециклирање отпад пред неколку години во Јапонија. Тие велат дека ензимот Ideonella sakaiensis 201-F6 е способен да јаде полиетилен терефталат, кој беше патентиран како пластика во 40-тите и се користи во милиони тони пластични…

Научници: Нивото на интелегенција кај младите се намалува

Ново истражување во Норвешка покажало дека нивото на интелегенција кај младите луѓе се повеќе се намалува. Во изминатите 90 години интелегенцијата кај младите рамномерно се зголемувала во просек три поени по генерација, и тој феномен е наречен Флин ефект. Но, на тоа изгледа му е дојден крајот. Научниците Оле Рогербург и Бернт Братсберг од Центарот за економски истражувања Рагнар Фриш, направиле ново истражување во кое анализирале резултати на повеќе од 730 илјади мажи. Споредувајќи резултати на мажите и нивни татковци кога биле во исти години, заклучиле дека мажите во однос…

Темпирана бомба: Езеро кое може да експлодира секој миг

Голем облак со јаглерод диоксид се надвисна над езерото Ниос во долината во близина на границата меѓу Камерун и Нигерија на 21 август, 1986 година. Облакот усмрти 1.746 луѓе од околните села и над 3.000 животни. Иако ова звучи како сценарио од хорор филм, беше сурова реалност за жителите на целото подрачје. Вулканската ерупција што се случила 400 години претходно направила огромен кратер во езерото во која со векови се насобирала огромна количина јаглерод диоксид. „Длабоко под површината, гасот ‘отпатувал’ во подземјето и создал извори полни со јаглерод диоксид што…