ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА АНДОНОВ ПОД ИТНО ДА ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ!!!

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА АНДОНОВ ПОД ИТНО ДА ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ!!! Некогаш мултифункционалната и комплетно опремена спортска сала „Христо Татарчев“ денес се распаѓа целосно препуштена на забот на времето! Искршени стакла, откорнати спортски реквизити, искинати мрежи, уништени санитарни јазли, опкружена со градежен шут од надвор и ѓубре на сите страни од внатре….се денешната реална слика на спортската сала во Ново Село! Времето во кое овде се организираа спортски игри помеѓу училиштата, времето во кое оваа спортска сала беше отворена 24 часа и времето во кое овде младите се учеа на спортски бон-тон…за жал…

Ново Село денес гласа и за прв човек на општината

Денес во Ново Село, освен претседателски избори се гласа и за прв човек на ОПШТИНАТА. Оставката на претходниот прв човек на ОПШТИНАТА  Боро Стојчев,кој  поради казна затвор од 6 месеци, беше осуден за кривично дело шверц со цигари, мораше да си даде неотповиклива оставка и тоа беше причината за распишување на нови предвремени избори во Ново Село за нов избор на Градоначалник во Ново Село. Изборот е помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Моменталната излезност според ДИК е  нешто над 10% до 10:00 час. или нешто на 10141 граѓанин го искористиле своето…

Лицемерните СДСМ во Ново Село,после 2 години „заспаност„ им текна да асфалтираат патишта и тоа за време на вториот круг на предвремените локални избори!

СДСМ во Ново Село после првиот круг од предвремените локални избори кој се оддржаа заедно со претседателските им текна една брилјантна идеја да започнат со асфалтирање на пат кој требаше да го направат пред 2 години,во очи на вториот круг на предвремените локални избори во таа општина кој се оддржуваат поради оставката на Градоначалникот Боро Малборо познат кај своите сограѓани кој беше уапсен поради шверц на цигари заедно со својата фамилија на лице место од страна на МВР каде беше фатен со цигари со вредност од над половина милион евра…

Николчо Стоилков е кандидатот за Градоначалник на Ново Село од ВМРО-ДПМНЕ

Централниот Комитет на ВМРО- ДПМНЕ го избра Николчо Стоилков за кандидат заГрадоначалник за Општина Ново Село. Николчо Стоилков е роден во 1985, вработен во Царинска управа, М-р на правни науки, оженет и татко на две деца. Во моментов е Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ново село.

Жителите на општина Ново Село, Охрид и Дебар на 21 април ќе избираат нов градоначалник

На 21 април годинава во општина Ново Село ќе се одржаат вонредни Локални избори за избор на нов градоначалник на општината – информираше претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, кој претходно соопшти за одржување на „Претседателски избори 2019-та“, на 21 април. Жителите на општина Ново Село, освен за претседател на државата ќе гласат и за градоначалник на својата општина, а тој ден градоначалник ќе избираат и жителите на општините Охрид и Дебар.

ОВАА МОРА ДА ГО ЗНААТ ЖИТЕЛИТЕ НА НОВО СЕЛО.

На вчерашната осумнаесетта седница на Советот на Општина Ново Село освен што се избра ВД градоначалник со 8 гласа ,,ЗА,, и 7 ,,ПРОТИВ,, се донесоа и неколку битни одлуки за жителите на Ново Село: 1.Одлука за заголемување на висината на надоместокот за одржување на гробишта од 51 на 100 ден. без ДДВ, 2.Одлука за зголемување на износот на вода за пиење од 20 на 25 ден.за физички лица а за правни лица на 50 ден. по м3 без ДДВ. Одлука за собирање и одведување на урбани отпадни води за физички…

Градоначалникот шверцер со цигари пуштен од затвор поради добро однесување

Градоначалник на општина Ново Село Боро Стојчев, кој требаше да биде во затвор шест месеци поради шверц со цигари е пуштен порано на слобода поради примерно однесување. Стојчев во јули беше фатен од полицијата додека се обидувал да шверцува цигари по што направи договор со обвинителството и беше осуден на 18 месеци но по жалбата казната му беше скратена и требаше да лежи само 6 месеци. Во затвор замина откако беше откриено дека е правосилно осуден на затворска казна за друго дело пред 3 години. Кривичниот совет на струмичкиот суд…

Ѓорѓиевски: Во Ново Село власта наместо да работи за граѓаните, работи шверц преку граница

Овде во Ново Село гледаме што значи кога СДСМ е на власт, многу криминал, корупција и незаконие. Шверцот е нормална работа за оваа криминогена власт, која наместо да работи за граѓаните работи шверц преку граница, изјави Орце Ѓорѓиевски при посетата на тимот од ИК на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Орце Ѓорѓиевски, Цветан Трипуновски и Дајанчо Ефтимов во општина Ново Село. Тој напомена дека откако СДСМ е на власт за Ново Село нема направено ништо, нема проекти, нема инвестиции. Земјоделците кои се најбројна категорија се понижени и оставени сами на себе, нема…

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Ново Село бара оставка од Градоначалникот Боро Стојчев (ВИДЕО)

Денес со прес конференција на Носителот на советничата група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ново Село ,Павлина Георгиева од име на Советничката група побара Градоначалникот Боро Стојчев ,кој скоро беше фатен на лице место од страна на полицијата како со своето семејство сака да шверцува цигари во вредност од 500 000 евра и со што се здоби и со притвор. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара негова оставка имајки во предвид новонастанатата сосостојба со првиот човек на Општината и дека под итно е потребно и неопходно да си даде оставкја бидејки нема…

Прес на СВР Струмица -Градоначалникот на општина Ново Село Боро Стојчев синоќа е приведен од полицијата (ВИДЕО)

Боро #Малборо Градоначалникот на општина Ново Село Боро Стојчев синоќа е приведен од полицијата Posted by ВИДЕО 24 on Wednesday, 11 July 2018 На 10/11.07.2018 година околу 19 часот од страна на полициски службеници при СВР Струмица во близина на с. Баделен општина Ново Село, запрени се две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари. Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С.(49) од с. Ново Коњарево. Во другото…