Меѓународен влашки етно-фестивал на Пониква

Во рекреативниот центар Пониква на Осоговските планини денеска се одржа 11. Меѓународен етно-фестивал „За Петровден сите на планина“, чиј организатор е влашката пејачка група „Грамостеањ“ од Скопје. На фестивалот настапија стотина учесници од шест пејачки групи и фолклорни ансамбли на Власите од неколку градови од Македонија и од Албанија, како и десетина соло изведувачи. Според организаторите на настанот, иницијативата за негово одржување потекнува од желбата за зачувување на влашката култура и традиција и нејзино враќање на корените. -Причината што се собираме на Пониква е што порано овде имало преку 40…

повеќе

Осветена литиската икона во храмот„ Свети Петар и Павле“ во Кичево

Наспроти денот на одбележување на патронот на Кичевскиот храм „ Свети Апостоли Петар и Павле“, Петровден, беше отслужена вечерна богослужба од страна на архиереите од Кичевското архиерејско намесништво. Потоа беше извршен чинот на осветување на литиската икона дело на зографот Илчо Ѓорески од Кичево, додека рамката за иконата ја изработи кичевскиот копаничар- резбар, Марјан Тренески. -Со вечерашниот чин на осветување на литиската икона и официјално се отвора можноста за денот на храмот Петровден, да организираме литија која се надеваме дека ќе се случи во наредните неколку години. Инаку иконата е…

повеќе

Штипјанецот Филип Михов, светски олимпиец по информатика и првенец на генерација, има понуда да студира на „Оксфорд“

Штипјанецот Филип Михов, светски олимпиец по информатика и првенец на генерација, има понуда да студира на „Оксфорд“. Услов за тоа е Михов, да покаже добри резултати на државната матура. Сепак Михов, кој е по потекло од Штиоп , а живее  и учи во Скопје, не е сигурен дека студирањето ќе го продолжи на еден од најпрестижните универзитети во светот: „… Меѓутоа, мора да признаам дека се двоумам дали да ја прифатам понудата затоа што ниту државната стипендија не може целосно да ја покрие потребната сума, а сега за сега, друг…

повеќе

Водата во Дојран е проблем и кога ја има и кога ја нема

Дојран – Водата во Дојранското Езеро е проблем и кога ја има и кога ја нема. Кога се повлекуваше во годините по осамостојувањето почна да трпи туризмот, сега кога надоаѓа повторно ќе трпи туризмот, но и онака бледата инфраструктура. Популарното летно одредиште на југот на земјата, кое во минатото беше привлечно и поради високата концентрација на јод од лековитите алги (во функција на дишните патишта, за ублажување или елиминирање на алергии), денес е само рефлексија на едно време за кое, како што знае народот да каже, „Господ одеше по земјата“.…

повеќе

Прилеп ќе му подигне спомен-плоча на Ненад Серафимоски кој загина во Диво насеље

Прилеп ќе му подигне спомен плоча на Ненад Серафимоски, припадник на полициските сили кој го загуби животот во настаните поврзани со Диво Насеље. Спомен-плочата ќе биде во паркот кај Основниот суд, одлучија советниците на денешната 14. седница на Општинскиот совет. – Иницијативата што ја прифатија прилепските советници е на барање на семејството на загинатиот припадник на полициските сили Ненад Сераимоски, кој извршувајќи ја сојата должност загина во настаните поврзани со Диво насеље, рече претседателот на Советот Миле Талески. Прилепскиот совет ја донесе Програмата за енергетска ефикасност на објектите во општината за…

повеќе

Дојран подготвен за новата туристичка сезона

Дојран интензивно се подготвува за новата туристичка сезона.  Од локалната самоуправа велат дека се работи на повеќе полиња со цел првите туристи да ги пречекаат колку е можно што подобро  подготвени. Еден од главните приоритети се плажите чија површина поради надоѓањето на водата во езерото последните години беше значително намалена. ,, Со самото надоаѓање на водата просторот за плажи ни се смали, меѓутоа постојаните плажи кои што функционирале претходните години се подготвуваат со голем интензитет. Самите инвеститори и хотели исто така инвестираат во плажите и во туристичката понуда. Ние како…

повеќе

Велешкиот театар со „Вдовицата се мажи“ на фестивал во Русија

Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес со комедијата „Вдовицата се мажи“ од 25 до 31 мај ќе настапи на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва. Претставата е во режија на Младен Крстевски, а е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон Павлович Чехов, која ја следи приказната за вдовицата Попова. Таа седум месеци е во траура по смртта на сопругот и одбива да излезе од имотот и да прима посети. Комуницира само со нејзиниот лакеј Лука и вработените на имотот. Кај неа ненадејно доаѓа Смирноф, артилериски поручник во…

повеќе

Инцидент во брзата помош во Берово: При преглед на сопругата маж ја нападнал медицинската сестра

Полициската станица Берово поднесе кривична пријава против О.К. (27) од тој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. МВР информира дека на 6 мај околу 21 часот во просториите на Итната медицинска помош во Здравствен дом во Берово, при преглед на неговата сопруга, пријавениот упатувал закани кон медицинската сестра Ш.М., по што и физички ја нападнал. (Миа)

повеќе

„Тетово не е Лас Вегас“: Стотици демонстранти бараат дислокација на казината

Стотици демонстранти го кренаа гласот против отворањето на новото казино. Тие се против бидејќи е во непосредна близина на универзитетот, но и поради тоа што има многу казина во градот. Местото каде се одржува протестот е локацијата на која ќе се отвора ново казино во Тетово и ова е причината зошто граѓаните излегоа на протест. Ова не е единствениот објект за игри на среќа. Граѓаните бараат нивна дислокација на три километри надвор од нивниот град. „Доколку едно казино е на далечина од 300 метри, таму може да се оди и…

повеќе

Над 10.000 посетители во Дојран

,, Освен домашни туристи имаме и голем број на странски туристи . Имаме максимална исполнетост на капацитетите која што е несомнена за овие првомајски празници.,, вели АНГО АНГОВ – ГРАДОНАЧАЛНИК  НА ДОЈРАН Оваа година причина плус за полните капацитети во Дојран е и богатата музичко забавна програма  која привлече голем број туристи од помладата генерација. ,, Има доста богата ноќна понуда од самите угостителски објекти која што се однесува претежно за помладиот дел од публиката кој што во проценти е и најголем посетител за првомајските празници , така што се…

повеќе