Колинда го однесе Путин во хрватската соблекувална, а кога влезе кај Французите настана хаос и интервенираше обезбедувањето (ВИДЕО)

Вчера сите ја видоа непријатната ситуација со чадорите, кога единствено хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ остана сама на дождот, додека за Владимир Путин и Емануел Макрон експресно се најдоа чадори за дождот кој почна ненадејно да паѓа. Сагата со чадорите продолжи, овој пат во француската соблекувална, а ситуацијата беше уште посмешна. Како што се гледа на снимката, Французите, кога во соблекувалната им дојдоа Путин, Макрон и Грабар Китаровиќ, во еден момент отворија шампањско кое почна да прска на сите страни. Но, обезбедувањето на Путин експресно одговори на „нападот“ и отвори…

повеќе

ФРАНЦИЈА Е НОВИОТ ШАМПИОН: Франција е новиот Светски шампион во фудбал ,Еуфорија во Париз

Репрезентациајта на Франција е новиот светски шампион откако во денешното финале ја совлада Хрватска со конечни 4-2. Во едно од најефикасните финалиња во историјата, „триколорите“ заслужено стигнаа до златото и ја оправдаа фаворитската улога. Со автоголот на Манџукиќ Франција поведе, за Перишиќ да израмни во првиот дел само 10-тина минути подоцна. Конечните 2-1 по првите 45 мин. ги постави Гризман од пенал. Во вториот дел Франција беше немилосредна, па со головите на Погба и Мбапе зголемија на 4-1, за повторно Манџукиќ да стрела последен во овој меч, овој пат во…

повеќе

Инфантино: Најдоброто светско првенство во историјата

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и се заблагодари на Русија за организацијата на Мундијалот за кој рече дека била на највисоко ниво. – Ова првенство покажа дека Русија е навистина фудбалска земја. Ви благодарам, Русија, за организацијата на најдоброто Светското првенство во историјата, изјави Инфантино. Мундијалот во Русија почна на 14 јуни и завршува денеска со финалето меѓу Хрватска и Франција (почеток 17 часот).

повеќе

Хрватска и Франција во борба за тронот

Репрезентациите на Хрватска и на Франција денеска во Москва ќе играат во финалето на Светското фудбалско првенство. Франција во мечот влегува како фаворит, и поради позвучните имиња, и поради поодморените фудбалери, за разлика од хрватските кои до финалето одиграа три натпревари на продолженија. Сепак, „коцкестите“ најавија реванш за поразот од „триколорите“ на СП 1998 кога Франција беше домаќин и победи во меѓусебниот дуел во полуфиналето, а подоцно стана и шампион. – Не ме интересира статистиката и не ми е грижа со кого играме. Стигнавме до финале и ќе дадеме се…

повеќе

Бронзата за Белгија, Англија се враќа дома без медал

Во претпоследниот дуел од Светското фудбалско првенство 2018, селекцијата на Белгија попладнево ја победи Англија со 2:0 и го освои третото место. До бронзата Белгија стигна со головите на Томас Муние во 4. минута и Еден Азар во 82. минута. Белгија и во групната фаза ја победи Англија (1:0). За Белгијците ова е најдобар резултат во историјата на Мундијалите. Тие на СП 1986 година во Мексико стигнаа до 4.место. Утре од 17 часот во финалето на СП ќе играат Франција и Хрватска.

повеќе

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Хрватскиот селектор Златко Далиќ, по победата над Англија (2:1) и пласманот во финалето на Светското првенство рече дека неговиот тим има шанса да ја одмазди селекцијата од 1998 година. – Франција има квалитетен тим, врвни играчи. Нас не чека тешка работа. Двете екипи имаат квалитет, а на нас е да се подготвиме и одиграме најдобро што можеме. Бог ни даде шанса да се одмаздиме за поразот на Мундијалот во 1998 година, изјави Далиќ. Финалето на Мундијалот во Русија се игра в недела со почеток во 17 часот.

повеќе

ХРВАТСКА ВО ДЕЛИРИУМ: Погледнете како низ целата земја се славеше историскиот успех на нивните фудбалери (ВИДЕО)

Во Хрватска владее вистински делириум, фудбалската репрезентација е финалист на Светското фудбалско првенство во Русија. Хрватите имаа максимален скор во групната фаза, 9 бода од три натпревари, додека пак патот во елиминационата фаза беше доста потежок за нив, два пати во осминафиналето против Данска и во четвртфиналето против Русија, поминаа на пенали, додека пак последниот филтер до финалето го минаа по 120 минути игра. Иако имаше негатива, Хрватска успеа да ја анулира со голот на Иван Перишиќ против Англија. Тој гол предизвика делириум низ цела Хрватска, а тоа го покажува…

повеќе

СП 2018: Илјадници навивачи излегоа на „Шанзелизе“да ја прослават победата на Франција

Франција е првиот финалист на Мундијалот во Русија, а победата во полуфиналето над Белгија беше причина илјадници навивачи на „триколорите“ да излезат и да прослават на најпозната улица во Париз. На „Шанзелизе“ се пееше, имаше огномети, се славеше до доцната во ноќта. Франција се пласираше во финалето на Светското првенство за прв пат од 2006 година. Противник во дуелот за трофејот в недела ќе им биде поуспешниот од вечерашното полуфинале меѓу Хрватска и Англија.

повеќе

По 28 години: Англија во полуфинале на Светско првенство

По 28 години пауза, Англија повторно ќе игра во полуфинале на Светското првенство. „Трите лава“ успеаја да ја совладаат репрезентацијата на Шведска со 2:0 и се пласираа во битката за медали на СП 2018. Погодоците за успехот ги постигнаа Хари Мегваер (30) и Деле Али (59). Повторно, големиот адут на англискиот тренер Гарет Саутгејт беа прекините. Без многу да блескаат во нападот, Англичаните прагматично и ладнокрвно стигнаа до двата погодоци. Многу силен натпревар на голот имаше Џордан Пикфорд, кој ги спаси сите удари на шведските напаѓачи. За последен пат, англискиот…

повеќе

Хрватска се пласираше во полуфинале, Мундијалот завршен за домаќинот Русија

Хрватската репрезентација се пласираше во полуфиналето од Светското првенство во фудбал откако вечерва по пенали го победи домаќинот Русија со 3:2. Првите регуларни 90 минути завршија со по еден гол на двете страни. За Русите во 32 минута погоди Черишев, а Крамариќ изедначи во 40-та минута за Хрватите. Во продолжението од натпреварот Вида го постигна вториот погодок за водство од 2:1 на „Коцкестите“, но радоста траеше до 115-та минута кога Марио Фернандез го изедначи резултот, по што се изведуваа пенали во кои Хрватите се покажаа како поуспешни и се пласираа…

повеќе