Кејти Холмс и Џејми Фокс демантираат дека раскинале

Холивудските ѕвезди Кејти Холмс и Џејми Фокс демантираат дека раскинале, откако медиумите почнаа интензивно да шпекулираат дека актерката „се чувствувала изневерено“. Двајцата се во врска од 2013 година, но јавноста дозна за нив дури минатата есен, кога папарацо фотографи ги „фатија“ како се шетаат фатени за рака во Малибу. Британски „Mirror“ објави дека Кејт ја раскинала свршувачката бидејќи не можела да го надмине однесувањето на Фокс. Медиумите веќе подолго време шпекулираат дека „проблеми во рајот“, откако Холмс беше забележана во друштво на поранешниот дечко Џошуа Џексон, актерот со кој играше…

повеќе

Ја насмеа цела држава: Премиерот на Израел по победата на Евровизија заигра како кокошка (ВИДЕО)

Премиерот на Израел Бенџамин Нетанјаху е многу задоволен откако неговата земја победи на Евровизија, па на јавноста им приреди мало изненадување. Пејачката Нета Барзилај со песната „Toy“ им ја донесе победата на Израел во саботата вечерта, а Израелците веќе со денови на најразличен начин ја слават победата. Еден од илјадниците граѓани кој е горд на победата е и премиерот на Израел кој пред почетокот на состанокот на Владата го започна играјќи како кокошка. -Овие денови Ерусалим е благословен со многу подароци, рече премиерот.  

повеќе

На 60 години стана татко – холивудскиот актер доби трет син!

Холивудската ѕвезда, 60-годишниот актер Алек Болдвин и неговата 26-години помлада сопруга, Хилари по четврти пат добија дете. Веста за бебето ја соопштија на социјалната мрежа Инстаграм. „Одиме повторно“, се пошегува актерот под фотографијата, која е направена во болница, додека Хилари открила дека станува збор за машко дете и оти неговата тежина е 3 килограми и 600 грама.Тие имаат уште две машки деца и едно девојче. Болдвин веќе има и 22-годиша ќерка, Ајрленд која ја доби од бракот со Ким Бесинџер.

повеќе

Шеста година по ред Македонија не влегува во финалето на Евровизија

„Ај кју“ (Eye Cue) со песната „Lost and found“ не се пласираше во финалето на 63. избор на песна на Евровизија 2018 во Лисабон каде што синоќа настапи на првата полуфинална вечер. Десетте финалисти од 19 земји кои учествуваа во првото полуфинале се: Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Ирска.  Беа избрани со гласови добиени по пат на 15-минутен телевоутинг на ТВ-публиката и од стручни жирија на земјите што учествуваа. Ним во финалето в сабота ќе им се придружат уште 10 финалисти кои ќе бидат избрани…

повеќе

ПОЧИНА ГОЛЕМИОТ СРПСКИ АКТЕР НЕБОЈША ГЛОГОВАЦ

Србија тагува, а и целиот Балкан. Големиот српски актер Небојша Глоговац ја изгуби битката со опаката болест рак, на 48 години. Тој починал утрово во Клиничкиот центар во Белград, јавуваат српските медиуми. Еден од најдобрите актери од средната генерација, подеднакво добро владееше на театарските штици и на филмското платно. Роден е во 1969 година во Требиње, Босна и Херцеговина, а на 7 години се преселил со семејството во Панчево. Во сцена од филмот „Устав на Република Хрватска“, улога за која доби „Златна арена“ во Пула Дипломирал на Факултетот за драмски…

повеќе

ИНДОНЕЗИСКАТА МАРИНА АБРАМОВИЌ

Можеби и не е ферски што вака ја опишуваме во насловот, но Мелати Сурјодармо експериментира со телото и преку своите перформанси предизвикува „концентрирано ниво на интензитет“ на сличен начин како и нејзината реална менторка. ред неколку години индонезиската уметница стана славна кога на јутјуб се појави клип во кој на високи, црвени штикли и во краток фустан игра традиционален индонезински танц застаната врз 20 парчиња путер, на звуците на „Некој како тебе“ на Адел. Видеото имаше над 1 милиони прегледи и над 2000 коментари. Со тоа Сурјодармо, која денес има 48…

повеќе

Коџабашија напиша музика за претстава на култниот дански театар „Один“

Никола Коџабашија ја напиша музиката за детската музичка претстава „Д сендпит“, сработена со поддршка на култниот дански театар „Один“. Претставата е во режија на една од легендарните актерки на театарот „Один“, 76-годишната Елсе Мари Лауквик. Изведбата, приказната, дизајнот ,концептот се на уметничката директорка на компанијата „Рајатус“, Миа Теил Хеиве. Музиката и учеството во концептот и приказната се на Никола Коџабашија. Оваа претстава годинава треба да посети околу четириесетина дански училишта, а од есен ќе се игра и на сцената на театарот „Один“ во Холстебро. Поддржана е од Данскиот совет за…

повеќе

Се предозирала со хероин на само 27 години, а на пријателите им оставила пари за забава по погребот

Имала само 27 години кога нејзиниот продуцент ја пронашол мртва во хотелската соба, откако се загрижил бидејќи не се појавила на снимање. Џенис Џоплин се предозирала со хероин во хотелска соба во Лос Анџелес, а светот во 1970 година останал шокиран од веста за смртта на младата рок ѕвезда. Да беше денес помеѓу нас, Џоплин би го славела својот 75-ти роденден. Славната пејачка која е родена на 19 јануари 1943 година, уште од малечка се издвојувала од своите врсници, а веќе во раната младост почнал да ја бие глас дека…

повеќе

„Театар за сите“ организира Отворен час со режисерот Слободан Унковски

Првиот Отворен час што „Театар за сите“ го организира во 2018 година е со театарскиот режисер Слободан Унковски, поранешен професор по театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Тема на отворениот час е театарската режија.     На отворениот час со професорот Слободан Унковски ќе се разговара за процесот на правење театарска претстава, подготовките на режисерот, односот на режисерот со актерите, како и за неговиот метод на режија: медуза-техниката. Отворениот час ќе се одржи на 24 јануари (среда), од 19 часот, во поткровјето во „Јавна соба“, а присуството…

повеќе

Претставата „Среќна нова година“ трага по причините што човекот го прават волк

НУ Турски театар во Скопје на 11 јануари, во 20 часот, премиерно беше изведена претставата „Среќна нова година“, работена по мотиви на Даниил Хармс и Дејвид Ајвс, а во режија и драматургија на Бојан Трифуновски. Директорот на Турскиот театар, Наџи Шабан, во најава на премиерата на претставата „Среќна нова година“ потсети дека во изминатите шест месеци театарот ја изведе и премиерата на „Крал Лир“, а гостуваше и на театарски фестивали во Србија и Турција. Пред Нова година изведен беше и хуманитарен театарски проект во сопствена продукција. „Проектот ’Среќна нова година‘…

повеќе