Најголемата лага за загадувањето во Скопје!

Проблемот со загадувањето на Скопје вообичаено во лето се заборава, но тоа не значи дека тој ќе исчезне. Напротив, ќе стане топ-тема уште во првите есенски денови. Во минатата есен и зима Скопје речиси постојано беше меѓу топ 5 најзагадени градови во светот, а неколкупати се искачуваше и на самиот врв на оваа неславна листа. Граѓаните се жалеа дека буквално дишат отров и се задушуваат. Загадувачите на воздухот може да бидат различни, но главниот проблем во Скопје е од цврстите честички во воздухот – ПМ10 и ПМ2,5. Додека дозволеното ниво…

повеќе

Петта светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија ќе се одржи на 30. јуни и 1. јули.

Петта светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во организација на Сојузот на здружение на Македонците од Егејскиот дел МАКЕДОН ќе се одржи на 30. јуни и 1. јули. Како и секогаш, и оваа година средбата ќе има богата програма. Според предвиденото, на 30. Јуни предвидено е полагање свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци во паркот Жена борец, изложба „70 години од прогонот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија 1948-2018“ во Домот на АРМ – Скопје и свечен собир во Домот на АРМ. На…

повеќе

Трибина по повод Светскиот ден без глутен

По повод Светскиот ден без глутен – 16 мај денеска во Скопје ќе се одржи трибина на тема „Борба со непознатото“ во организација на здружението „Без глутен“. На трибината ќе учествуваат Сара Јовановска, претседател на Здружението „Без глутен”, д-р. Стефка Грујовска, педијатар на Клиника за детски болести, Сашко Дрвошански нутриционист, Кети Ангелковска дистрибутер на безглутенска храна и Ирена Лозано, член на ArtofLivingBioShop. Мај е меѓународен месец за зголемување на свеста за Целијакија, хронична автоимуна болест за нетолерантност и алергија на глутен. На трибината ќе се зборува за симптомите и последиците на…

повеќе

Заради партиско богатење заборавија на изборните ветувања: Аеродромци ќе се гушат, а Кочо хаусмајсторот од општина Центар ќе гради

Работниците ги корнеа последните греди од старата барака.  Во еден здив со нив и сопственикот на доскорешното маалско дуќанче  ги расклопуваше остатоците.  Пензионираниот воен старешина Павле Трајаноски  го чека модерниот изглед на  деловниот  простор кој ќе го добие наместо истрошената барака, но ќе биде и три пати поголем, објавува телевизија 24. „Мене дуќанот супер ми работеше, но дупот мораше да се урбанизира и да се модернизира. Тие бараки се правени 1963 и е предвидено да се изгради станбено деловен комплекс.“ – вели тој. Приказната на Трајаноски е едната страна од…

повеќе

ДПА стана дел од „владата“ на ниво на град Скопје

И додека ДПА сé уште чека да влезе во владата на премиерот Зоран Заев, оваа партија веќе стана дел од „владата“ на ниво на град Скопје, пишува весникот Лајм. Извори за Лајм велат дека кандидатот на оваа партија за градоначалник во општина Чаир, Идриз Орана, е избран за член на одборот на директори на ЈП Водовод и Канализација – Скопје, станувајќи првиот официјален претставник на ДПА во извршната власт на главниот град. Орана беше и советник во два претходни мандати во градот Скопје.

повеќе

Дали рекреацијата на Водно ќе стане луксуз?!

Реакцијата на советничката Јелена Жугич од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советотот на град Скопје е сосема разбирлива и загрижувачка.Таа во својата реакција на социјалната мрежа Facebook ја поставува дилемата дали рекреацијата на Водно ќе стане луксуз ,оти за кусо време советниците од советничката група на СДСМ во Советот на град Скопје ќе си изгласаат одлука со која се поскапува паркирањето во зона А0 и тоа на 100 денари за првиот час,и секој нареден за уште 50 денари. И дали со оваа одлука ,се приватизира Водно од една страна ,а од…

повеќе

Априлијада 2018 на плоштадот Македонија во Скопје

Детски културен центар Карпош и Град Скопје в недела, на 1 април, од 11 до 13 часот на плоштадот Македонија, организираат детска журка „Априлијада 2018 – Скопје се смее“, за сите градинки, училишта и деца од градот Скопје и од околината. Во дневниот дел од забавата со маски, принцезите, самовилите, кловновите и сите ликови од цртаните филмови ќе ги забавуваат секцијата за модерен балет и фолклорната секција на ДКЦ “КАРПОШ“, Мина Блажев, Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје. Ноќната забава ќе почне во 20 часот, а…

повеќе

АКЦИЈА „На работа со велосипед“!

Општина Центар по повод Меѓународниот зимски ден на одење на работа со велосипед кој се одбележува утре, ги повикува сите жители и своите вработени да ги извадат велосипедите и со нив да дојдат на работа. „На работа со велосипед“ („Bike to Work“) е годишен настан кој се одржува на различни денови насекаде во светот, со цел промоција на велосипедот како превозно средство до работа. – Со ова се подига свеста за користење на ова превозно средство за да се придонесе кон намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и за почиста…

повеќе

ОПШТИНА АЕРОДРОМ КАКО ПАРКИНГ ЗА ЦИСТЕРНИТЕ НА ЗАЕВ: Жителите на општина Аеродром револтирани поради узурпираните паркинзи!

Општина Аеродром се претвори во паркиралиште за цистерните на Заев – обвинуваат граѓаните на социјалните мрежи, откако нивните платени паркинг места веќе со месеци се узурпирани од неколку цистерни и камиони на фирмата „Тритерол“ која се поврзува со кланот Заеви   Аеродромци се револтирани и бараат од градоначалникот Марин итно да превземе мерки за отстранување на цистерните кои ги узурпираат паркинг местата кои тие ги имаат платено. „Аеродром претворен во паркиралиште за цистерните и камионите на Зоран Заев. Златко Марине засрамисе !“ – пишуваат жителите на Аеродром на ФБ страницата…

повеќе

Дојде животот и за ЈСП | ЈСП склучи договор тежок 1,5 милиони евра без тендер

Во четири очи, без тендер, ЈСП Скопје купи дизел гориво за градските автобуси. Еден милион и петсотини илјади евра тежи договорот кој ова јавно претпријатие го потпиша со фирмата АЛОВ од Гевгелија, објави Алсат-М телевиизја. Недостаток на нафта била причината зошто ЈСП одлучило да се договара на ваков начин. Пред две години потпишале договор со кој обезбедиле 15 милиони литри дизел, кој се потрошил пред да истече договорот на 20 месецов. Постојаната промена на цената на горивата е наведена како една од причините зошто се одбрал овој метод. Дневно новите…

повеќе