Рок-револуцијата од 1960-тите години

Мислам дека е вистинско време за револуција, но овде каде што јас живеам играта што е во тек е компромисно решение, што може едно кутро момче да работи освен да пее во рокенрол-група. Вака музички експлодираа, но и практично дејствуваа немирните момчиња од бендот „Ролингстоунс“ во раните 1960-ти години. Оваа агресивна експлозивност на рокот навистина беше моќна. Тој беше еден вид музичка акција со која во 1950-тите и 1960-тите, младите изградија свое гето во светски размери – изолиран и паралелен свет што копнееше за разбирање од повозрасните. Со ваквите својства…

Греми 2019: Кејси Масгрејвз и Чајлдиш Гамбино со најмногу статуетки

Статија на НОВА ТВ Кантри пејачката Кејси Масгрејвс освои Греми за албум на годината со “Golden Hour”, како и наградата за најдобар кантри албум на синоќешното 61 издание на Греми, кога се доделуваат наградите на американската Академија за дискографска уметност и науки. Исто така, таа освои Греми и за најдобра кантри песна “Space Cowboy”, и за најдобра кантри изведба на песната “Butterflies”. Доналд Гловер, познат под прекарот Чајлдиш Гамбино е исто така еден од победниците на овогодшните Греми награди и тоа за надобра снимка, најдобра песна и за изведба на…

Анџелина Џоли и Бред Пит „на нож“, таа го обвинува дека не плаќа доволно за децата

Разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит станува сè подраматичен. Холивудските ѕвезди деновиве се препукуваат и на суд и преку медиумите. Откако беше обелоденето дека Џоли на суд го обвинува Пит дека не плаќа „доволно издршка за децата“, нејзината адвокатка изјави: „Пит е должен да плаќа издршка за децата. До денес, нема платено доволно издршка.“ Тимот на Бред возврати со обвинување дека славната актерка ги манипулира медиумите и прикажува искривена слика. Преку својот адвокат, 54-годишниот актер објави дека ѝ позајмил на Џоли 8 милиони долари за да ја купи куќата во…

Џејми Оливер призна дека им е „викенд родител“ на неговите 5 деца и поттикна дебата на интернет

Славниот готвач Џејми Оливер сподели дека ги гледа своите пет деца само неколку вечери во неделата и привлече море од коментари на социјалните мрежи. 43-годишниот кулинар во интервју за списанието „Good Housekeeping“ себеси се нарече „викенд родител“, бидејќи поради презафатеност може да биде со своето семејство само во викендите. . „Во главно сум викенд родител. Присуствувам на клучните училишни настани, но сум презафатен од понеделник до петок и вообичаено ги гледам децата само неколку вечери во текот на неделата. Среќен сум со тоа, сметам дека ним им е добро вака“ –…

Леонардо Ди Каприо и Бред Пит заедно во филм на Тарантино

Леонардо Ди Каприо и Бред Пит заедно ќе глумат во новиот филм на Тарантино , чие дејствие ќе биде фокусирана на  убиствата на Чарлс Менсон во Лос Анџелес, пред педесетина години  Тарантино објави дека филмот ќе се вика :” Си било еднаш во Холивуд”. Тарантино на сценариото работел пет години. Тој вели дека во  улогата на Шерон Тејт ја гледа Марго Роби, но не е исклучена и Џенифер Лоренс.Се споменува дека во филмот би можеле да глумат и Том Круз, Ал Пачино  и Семјуел Џексон. Деветте убиства што се случија…

Џулијан Мур во перфектно издание – црно од глава до пети

Педесет и седумгодишната холивудска актерка, Џулијан Мур важи за една од најдобро облечените дами во шоу бизнисот. Она што е импозантно во нејзиниот имиџ, е тоа што подеднакво добро носи парчиња од улична мода до црвен килим. Таа е стилски камелеон што секогаш ќе воодушеви, исто колку што се фантастични и нејзините трансформации на големото платно. Едно од нејзините последни јавни појавувања, беше како гостинка на неодамна одржаната модна ревија на Том Форд во рамките на Њујоршката модна недела. За оваа прилика, Џулијан го привлече сето внимание на себе во…

Почина Долорес О’Риордан, пејачката на бендот „Кренберис“

Пејачката на популарната ирска група „Кренберис“, Долорес О’Риордан вчера  на 15 Јануари, почина во Лондон, во 47. година од животот за време на нејзиниот престој во Велика Британија. Засега не се познати официјални детали за причината за смртта, освен дека починала ненадејно и нејзиното семејство е во шок.   извор:https://youtu.be/6Ejga4kJUts

„Станав сопруг!“ – Рики Мартин откри дека тајно се венчал со неговиот партнер Џуан Јосеф

На гостување во шоуто на Елен во 2016-та, Рики Мартин откри дека му предложил брак на неговиот партнер Џуан Јосеф. Во средата пак, латино ѕвездата ја соопшти веста дека се венчал со уметникот Џуан со кој е во врска 2 години. „Јас сум сопруг, а ќе направиме луда забава за неколку месеци, ќе ве известам. Разменивме заклетви и се заколнавме на сѐ, ги потпишавме сите документи кои беа потребни, предбрачни договори и сѐ останато. Чувството е прекрасно! Не можам да го претставувам како вереник. Не можам. Тој е мојот сопруг. Тој е мојот…

Џон Сноу доаѓа во Дубровник? Снимањето на „Игра на тронови“ започнува во февруари

Тимот од серијата „Игра на тронови” во февруари се враќа во Дубровник, каде што ќе ја сними последната осма сезона на оваа популарна серија. Во ноември минатата година, продуцентите го посетија градот за да најдат нови локации за снимање. Порталот Дубровник Тајмс од извори блиски до продукцијата на серијата, дознава дека многу од главните ѕвезди од серијата ќе учествуваат во снимањето во Дубровник оваа година. Според непотврдени информации, меѓу нив може да биде и актерот Кит Харингтон, кој во серијата ја толкува улогата на Џон Сноу. Планирано е снимањето на…

Гламурозна прва дама: Меланија Трамп во блескав фустан од 3.000 евра на новогодишна гала

Меланија Трамп избра блескав стајлинг за новогодишната гала вечер, која нејзиниот сопруг Доналд Трамп традиционално ја организира секоја година во нивниот ресорт Mar-a-Lago во Флорида. На свеченоста, 47-годишната прва дама на САД се појави во светкав фустан од Ердем, кој чини 3.075 евра. Шармантната дама чекореше покрај 71-годишниот претседател на САД и нивниот син Барон. Иако доби бројни комплименти, Меланија овојпат беше мета и на критичарите за својот моден избор. На галата присуствуваше и Иванка Трамп со сопругот и двете деца.