НОБЕЛОВЕЦОТ ЈОЗЕФ ШТИГЛИЦ: Еврото ќе биде во рушевини

Еврото можеби се приближува кон уште една криза. Италија, третата по големина земја во еврозоната, избра влада која може да се опише како евроскептична. Тоа никого не треба да изненадува. Бурната реакција во Италија е уште една предвидлива епизода во долгата сага за лошо смислениот валутен аранжман во која доминтната Германија ги отежнува неопходните реформи и инсистира на политика која ги влошува постојните проблеми. Економијата на Италија стои лошо уште од воведувањето на еврото. Нејзиниот реален БДП во 2016 година (пресметувајќи ја и инфлацијата) бил ист како тој во 2001…

повеќе

„Форбс“: Си Џинпинг највлијателен човек во светот

Кинескиот претседател Си Џинпинг се најде на првото место на ранг листата на највлијателни луѓе на планетата, што денеска на својата интернет страница ја објави американското списание „Форбс“. Втор на листата е првиот човек на Русија, Владимир Путин, а на третото место е претседателот на САД, Доналд Трамп. Во првата десетка натаму следуваат германската канцеларка Ангела Меркел, сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, папата Франциско и основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс. На осмото место е саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд, девети е индискиот премиер Нарендра Моди, а десетти –…

повеќе

Практични совети како постепено, но сигурно да го реорганизирате и дигитализирате вашето бизнис работење

Светот на бизнисот се врти побрзо и од планетата Земја. Канцелариското работење продолжува да се дигитализира со нереални брзини, а зад сето тоа стои главната цел – да се градат посилни односи со клиентите, да се зголемат можностите на пазарот и да се поттикне корпоративниот раст. Дигиталните трансформации се неизбежни за да се биде во чекор со бизнис моделите на денешницата. Од постојана поврзаност со клиентот, до можности за навремено информирање и целосно искористување на потенцијалот на вашиот бизнис, време е да ги истражите и да почнете да применувате современи,…

повеќе

Croatia Airlines пред колапс – откажуваат летови, вработените си заминуваат

Хрватскиот синдикат на пилоти упати писмо до премиерот и повторно го предупреди дека, како што велат оттаму, ситуацијата во Croatia Airlines е алармантна и дека направен е дебакл со изборот на нов директор. Во соопштението, пилотите потсетуваат дека уште во јануари упатиле апел до претседателот на владата, а на 14 февруари со стручна презентација го запознале и министерот за сообраќај со проблемите во Croatia Airlines, пренесува „Слободна Далмација“. „Тогаш предупредивме на алармантната ситуација во компанијата и изразивме стравување дека ќе се распадне целиот систем на Croatia Airlines. За жал, се…

повеќе

Кина го возвраќа ударот: Царинска шлаканица од 3 милијарди долари за Америка

Кина воведе царински тарифи од најмногу 25% на 128 увозни производи од САД, вклучувајќи вина и свинско месо, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги покачи даноците на увезениот странски челик и алуминиум во март. Новите тарифи што ќе го засегнат увозот вреден 3 милијарди долари, ќе стапат на сила денеска. Кина претходно рече дека не сака трговска војна, но нагласи дека нема немо да набљудува ако биде засегнато нејзиното стопанство. Трамп, пак, настојува дека „трговските војни се добри“ и дека на САД би им било „лесно“ да победат. Американските власти…

повеќе

Иран перел пари преку најголемата банка во Словенија?!

Словенечката служба за спречување на перење пари започна истрага по наводите на опозициските партии дека најголемата државна банка Нова Љубљанска Банка (НЛБ) прикривала пари од Иран, што го крши меѓународното ембарго и не ги применува прописите за финансирање на тероризмот. НЛБ, како што пренесува агенцијата “Фена”, помеѓу 2008 и 2010 година биле “испрани”, можеби близу една милијарда евра од Иран. Министерството за финансии потврди, како одговор на барањето на Службата за спречување на перење пари, кои пратија прашања во повеќе од 30 земји во врска со спорните трансакции. Врз основа на верификацијата, било утврдено дека…

повеќе

Најбогатите 1% од луѓето поседуваат половина од целото богатство на светот

Секоја година нееднаквоста помеѓу најбогатите луѓе во светот и останатите 99% станува сѐ поголема, а тоа го потврдува и последното истражување на финансиската компанија Credit Suisse. Најбогатиот 1% од светската популација доживеа нов раст на богатството, и сега тие располагаат со 50,1% од вкупното богатство на светот, односно 140 трилиони долари. За време на финансиската криза во 2008 година, тие ја доживеаја најниската точка, поседувајќи само 42,5% од светското богатство. „Богатството на најбогатиот 1% од населението е во нагорна линија од кризата па наваму, и од 2013 година досега константно…

повеќе