Патријарх Кирил: Паметните телефони водат до aнтихрист

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил рече дека капацитетот за собирање податоци што го имаат уредите како што се паметните телефони може да го доближи човештвото до доаѓање на aнтихрист. Кирил во интервју, што вчера го емитуваше државната телевизија, наведе дека црквата не се спротиставува на технолошкиот напредок, но дека е загрижена бидејќи „некој секогаш може да ја знае вашата точна локација, вашите интереси, од што се плашите“… и таквите информации можат да бидат искористени за централизирана контрола на светот. – Контролата од една точка е предвидување на доаѓањето…

Кабул Паѓа за 24 Часа по Бегањето на Јенките од Авганистан а Квислинзи ќе Висат на Плоштадите! Поучно!

Како и во минатото, и во Виетнам, Ирак, Либија итн бившите сојузници на САД кои во име на окупаторот го камшикуваа својот народ – како нашата окупаторска однадвор инсталирана Хунта – по повлекувањето Јенките им ги фрлаат на народите за да бидат убиени како кучиња. Недела дена пред објавувањето на одлуката на претседателот Доналд Трамп за нагло повлекување на 7.000 американски војници од Авганистан, највисокиот американски командант призна дека 17-годишната војна нема да заврши со воена победа за Пентагон. “Оваа борба ќе заврши со повлекување и надеж за политичка спогодба”, рече генералот на…

САД и Израел го напуштија УНЕСКО

САД и Израел ја напуштија Агенцијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) со образложение дека таа има предрасуди кон Израел. Одлуката за повлекување, која во 2017 година ја најавија администрациите на американскиот претседател Доналд Трамп и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, вчера стапи во сила. Иако станува збор во голема мера за процедурален потег, тоа сепак му нанесе удар на УНЕСКО, меѓу чии основачи по Втората светска војна беа и САД. САД го прекинаа финансирањето на УНЕСКО бидејќи агенцијата во 2011 година ја прими како членка палестинската управа.…

ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈА: Жолтите елеци нападнаа две новинарки со обвинување дека се продале и манипулираат со фактите

Две новинарки на француската државна телевизија Франс 2 синоќа беа нападнати од група учесници на протестот на „жолтите елеци“ на пункт за наплата на патарина кај местото Булу во јужна Франција, во близина на границата со Шпанија. Новинарките известувале од протестот, кога полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, при што неколкумна од нив ги опколиле репортерките и почнале да ги удираат, обвинувајќи ги дека се „продале“ и дека „манипулираат со фактите“. Ова не е прв случај на напад на „жолтите елеци“ во Франција врз новинари. Петмина новинари од…

“Ќе ја отстраниме Тереза мај следната година”

Британскиот јавен обвинител Џефри Кокс, наводно, планирал со министри да ја “отстранат” Тереза мај на почетокот од следната година, според Телеграф. Таа ќе била соборена до април, за да можат другите да “преземат” и повторно да преговараат за нејзиниот договор со Брексит.За време на конференцискиот повик, Кокс, наводно, им рекол на водечките министри: Џереми Хант, Мајкл Гов и Саџид Џавид, дека треба да го “проголтаат” договорот со Брексит во мај, во надеж дека идниот лидер ќе добие шанса да ги “ресетира” преговорите. Според Телеграф, три одделни извори ги информирале за…

Во Германија, оваа година родени 30.000 бебиња на мигранти

Во Германија, оваа година се родиле 30.000 бебиња од мигрантите, објави Ројтерс. Агенцијата наведува дека Германија предвидува намалување на бројот на барања за азил до крајот на годината, и покрај илјадниците бебиња на мигранти родени во земјата. Германскиот весник Билд објави прелиминарен извештај во кој се наведува дека до крајот на годината ќе бидат исполнети вкупно околу 166.000 барања за азил. Се наведува дека бројот на барања за азил е намален во споредба со 2017 година, кога имало 198.317 лица. Оваа бројка е под проектираниот максимум за една година поставена…

ГЛАСАЊЕ ДОВЕРБА ВО БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Тереза Меј можно ли е да ја загуби Премиерската функција?

Британската премиерка Tереза Меј денеска ќе се соочи со гласање за недоверба во Парламентот, јави Би-Би-Си. Пратеници на Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј покренаа денеска постапка за гласање недоверба на нејзината влада додека напуштањето на Велика Британија од европската унија се претвора во хаос. Тие ќе гласаат меѓу 19 и 21 часот. За покренување гласање за недоверба потребни беа 48 пратеници кои тоа го бараат. Меј може да падне ако 158 од 315 пратеници гласаа против неа. Меј која стана премиерка набрзо по гласањето за брегзит во 2016…

Тероризам во Стразбур: Две лице убиени, 11 повредени, повеќемина во критична состојба

Напаѓачот, за кој се смета дека дејствувал сам, сè уште е во бегство откако уби најмалку две лица и повреди најмалку 11  во источниот француски град Стразбур, во близина на познатиот божикен базар, кој има огромен број посетители. Локалните медиуми наведуваат дека повеќето од повредените се во критична здравствена состојба. Властите го третираат нападот како терористички чин. Специјалното Обвинителство за антитероризам отвори истрага за инцидентот. Полицијата и војската се во потрага по  напаѓачот, кој сè уште е во бегство, но веќе е „идентификуван”, со оглед на тоа што од претходно и…

Кубанците од денеска имаат мобилен Интернет

Кубанците од денеска ќе имаат пристап до интернет преку своите мобилни телефони, соопшти државната телекомуникациска компанија Етекса, што е пресврт во земјата чија поврзаност долго време беше меѓу најмалите во Западната хемисфера. Речиси половина од 11,2 милиони жители на Куба имаат мобилни телефони, но сепак, нема да можат сите да си дозволат мобилен интернет. Директорите на Етекса во информативна телевизиска емисија објавија разни едномесечни пакети, почнувајќи од 600 мегабајти по цена од седум долари за пакет, до 4 гигабајти за 30 долари. Доколку корисникот не сака пакет, 100 мегабајти ќе…

Хит: Руски поп го осветуваше новиот Ѕ-400 на Крим

Свештеник на Руската православна црква го осветуваше новиот ПВО систем Ѕ-400 кој е поставен кај градот Џанакоја на Крим. Најновиот ракетен систем земја- воздух од среден и висок дострел е поставен во четвртокот на само 19 километри од границата со украина и е четврти Ѕ-400 на Крим. По тој повод е одржана и церемонија, а на неа дошле и свештеници кои го благословиле Ѕ-400. Снимката од необичната глетка го обиколи светот.