„Фејсбук“ ќе нè потсетува колку знае за нас

„Фејсбук“ постојано го нагласува фактот дека секој од нас избира каква содржина да сподели на неговиот или нејзиниот профил и кој може да ја види. Меѓутоа, може да биде многу тешко да се пристапи до сите информации што компанијата ги чува за вашата активност во социјалната мрежа. Проблемот овде е дека „Фејсбук“ доста често, без знаење на корисниците, споделува податоци за активностите со нивните партнери за рекламирање. Непотребно е да се каже, оваа практика не им се допаѓа на многу луѓе. Тој веќе експериментира со нова функција, наречена „Memories“ (спомени), и ќе…

повеќе

„Тесла“ ќе воведе целосен автопилот од август 2018 година

  Шефот на „Тесла“, Елон Маск ги откри плановите на компанијата да започне да имплементира комплетен систем за самоуправување (автопилот) во своите електрични автомобили уште во август оваа година. Автопилотот досега се користеше, пред се, за подобрување на безбедноста во движење и маневрирање. Системот нуди функции како адаптивна контрола на патувањето, автоматско паркирање, предупредување за опасност и друго. Во август оваа година американскиот производител на електрични автомобили ќе ја лансира новата верзија на софтверот за автопилот „Тесла Вержн 9“, соопшти „Енгаџет“. Токму со излегување на оваа надградба ќе започне имплементацијата…

повеќе

Шефот на „Ауди“ уапсен

Извршниот директор на „Ауди“ Руперт Стадлер е уапсен во врска со скандалот со мамење за емисија на штетни гасови, соопшти денеска матичната компанија „Фолксваген“ и обвинителите. Како што јави ДПА, веста доаѓа една недела откако беше извршен претрес во приватната резиденција на Стадлер за да се обезбедат докази за поддршка на истрагата за обвиненија за измама. – Обвинетиот се појави пред истражен судија, кој нареди да биде притворен, се вели во соопштението на обвинителството во Минхен. Обвинителите тврдат дека „Ауди“ од 2009 година до сега во САД и Европа продал…

повеќе

Знаете ли што прави малата црна точка на вашиот телефон?

92% од луѓето кои го користат новиот телефон, немаат поим каква е функцијата на малото црно дупче меѓу блицот и камерата на телефонот. Секогаш има нешто ново кај Ајфон што или не знаеме како тоа функционира, или едноставно никогаш не сме размислувале. Нема повремени елементи кои не вршат важна функција. 92% од луѓето кои го користат новиот телефон, немаат поим каква е функцијата на малото црно дупче меѓу блицот и камерата на телефонот. Некои тврдат дека тоа е копче за рестарт кога телефонот ќе блокира поради некоја причина, но тоа…

повеќе

Самсунг произведе паметен телефон кој нема интернет, идејата е феноменална

Самсунг направи паметен телефен за корисници кои не сакаат да користат интернет. Галакси Ј2 Про има слични спецификации и дизајн како и останатите висококвалитетни паметни телефони на Самсунг, но не може да да покрене некои апликации и да се конектира на мрежа. Во соопштението од компанијата се вели дека овој модел е наменет за студентите, односно да им помогне да останат фокусирани на школувањето, а не константно да проверуваат пораки и содржини на Снепчет, Фејсбук и другите апликации. Самсунг понуди и попуст за купувачите од 18 до 21 година за…

повеќе

Фејсбук ве следи на интернет дури и ако немате профил, прочитајте како!

Фејсбук развил доста опсежна мрежа со помош на која ве следат дури и кога немате налог на оваа социјална мрежа. Со самото тоа, дури и ако не сте на Фејсбук, оваа социјална мрежа користи поприлично импресивни трикови за да ве следи. Ова се сите алатки со помош на кои ве следи на целиот интернет: -Плагинзи како што се “Share” и “Like”копче, кои може да се најдат на бројни сајтови се користат за да ја следат вашата активност. – Facebook Login, кој се користи за да се логирате на одреден сајт…

повеќе

Во Шкотска доби отказ, Италијанците воодушевени од малиот робот

Роботот Пепер кој сега доби работа во еден хотел на италијанското езеро Гард може да одговара на прашања на италијански, англиски и германски јазик, а гостите веќе го викаат Роби. Најавуван како прв италијански робот кој на гостите им пружа поддршка и им ги исполнува желбите, во границите на своите можности оваа сезона ќе работи во Италија, со цел да ги ослободи вработените да даваат одговори на некои прашања. Направен од јапонската компанија Софтбанк роботикс, РОби е научен да одговара на прашања како „Каде се наоѓа спа центарот?“, „Каде се…

повеќе

Со овој трик батеријата на телефонот ќе ви трае двојно повеќе

Доколку батеријата на вашиот мобилен телефон премногу брзо ви се празни, овој едноставен трик може да ви помогне. Кога станува збор за батериите на смартфоните важните се следниве прашања: Дали премногу често го полните телефонот? Дали го оставате на полнач преку ноќ и дали сето тоа го правите на правилен начин? Докажано е дека полнењето на телефонот во кратки временски интервали не може да ја оштети батеријата. Не е точно ниту дека телефонот треба да се полни само кога батеријата е при крај. Најпознатата компанија за производство на батерии “Кадекс“,…

повеќе

Нов пронајдок – машина за самоубиство се рекламира како „стилска и елегантна“

Машината за самоубиство со име Сарко (скратено од саркофаг) е дело на Д-р Филип Ничке, којшто е борец за правата на луѓето сами да одберат кога ќе умрат. Машината е дизајнирана како капсула и се исполнува со азот којшто предизвикува смрт со задушување на корисникот. Потоа капсулата може да се откачи и да се искористи како ковчег за починатиот корисник. Сарко беше изложена на саемот за погребни претпријатија во Амстердам, минатиот викенд. Во план е машината да има опција за да биде раководена со команди со трепкање на корисникот за…

повеќе

Научници од САД направија батерии базирани на вода кои не можат да се запалат

Истражувачи од Универзитетот Мериленд создадоа нова цинкова батерија базирана на вода која е многу побезбедна од литиум-јонските батерии. Тимот искористил елементи од стара технологија за цинкови батерии во комбинација со електролити од солена вода за да креира батерија која не може да се запали. „Батериите базирани на вода може да бидат суштински во спречувањето пожари кај електронски уреди, додека нивниот капацитет за складирање енергија беше ограничен, барем досега. За прв пат ние имаме батерија која го има истиот капацитет како литиум-јонските батерии без ризик од експлозија или пожар“, изјави првиот…

повеќе