Медиа 24

Откажан карневалот во Струмица, ќе нема ни Маскенбал, ни Детски карневал

Струмичкиот карневал кој требаше да се одржи во сабота е откажан. Нема да се одржи ниту Маскенбал во „Сириус“, каде требаше утревечер да се избира принц и принцеза за карневалот. Ќе нема ни Детски карневал во недела на Прочка – ова за Радио СтрумицаНет го потврди градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој вечерва по „Концертот под маски“ одржа состанок со Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, кои биле и во комуникација со надлежните државни институции за состојбата со коронавирусот и препораките до нив за и околу одржувањето на Струмичкиот карневал. Се очекува…

Повеќе...

Доверлив извештај на ЦИА од 1953 година – постојат Македонци и македонско малцинство во Грција

Од доверливиот таен извештај на ЦИА од 1953 година дознаваме дека грчките политички кругови ја побарале поддршката на САД со цел да се олеснат преговорите со југословенското раководство. Крајната цел била да се протераат 50.000 Македонци од територијата на северна Грција и да се префрлат во Југославија. Според извештајот, овие Македонците во текот на Грчката граѓанска војна ја помагале и поддржувале Грчката комунистичка партија и можеле да претставуваат сериозен проблем во случај на нова војна. Исто така, дознаваме дека грчката влада не сакала да води директни преговори со југословенските кругови…

Повеќе...

НИКОЛА ГРУЕВСКИ – Никогаш не сум дал инструкција или не сум побарал од било кого да се отворат вратите на парламентот или да се влезе во него и примени физичка сила

Изјава по повод денешното обраќање на Русковска Никогаш не сум избегал од соочување со правдата. До последен ден одев на судските рочишта и за тие кои одблиску и непристрасно го следеа процесот покажав и докажав дека ме судат без вина во очигледен политички прогон со политички монтиран процес и дека судот, исто како и обвинителството, е ставен во политички цели и работи со политички мотиви и инструкции. Затоа кога веќе завршија и се исцрпеа сите можни начини за докажување на вистината, соочен со неправдата и пораките за линч кои ги…

Повеќе...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во авионска несреќа загина македонскиот претседател Борис Трајковски

Пред 16 години, на 26 февруари 2004 година, претседателот Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинаа при урнување на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар во Босна и Херцеговина. Трајковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи. Повеќепати бил на студиски престој во САД. До 1997 година бил раководител на правната служба во градежното претпријатие „Слобода“ во Скопје. Од 1997 до 1998 година бил шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода. Тој бил претседател…

Повеќе...

ПАНЧЕВСКИ ПО ПPECУДАТА ПPOTИВ НЕГО: Правдата е како шилo, се гледаме во Стразбур

Соопштение за медиуми: По повод ексклузивните објави во медиумите и веб порталите дека е потврдена пресудата за мобинг по поднесена граѓанска тужба од Горан Стаменковски раководител на Одделението за човечки ресурси, во која јас Владимир Панчевски поранешен претседател на Кривичниот суд во Скопје сум осуден за мобинг, заради правилно информирање на јавноста ве известувам за следното: Пресудата е граѓанска, а судот констатира мобинг и ништо повеќе, кон мене нема ниту задолжение ниту дејство! Пресудата е политички мотивирана и донесена под притисок на актуелната власт бидејки наводно оштетениот е активист на…

Повеќе...

АНГЕЛОВСКИ: Падот на “нема правда-нема мир“, на евроатлантските, мултиетничките “500 евра плата“…

Страшо АНГЕЛОВСКИ За пет основни и уште стотина поситни работи за кои најбрутално беа измамени, стануваат се посвесни огромниот дел од граѓаните во Република Македонија. Она што измамниците го ветуваа како “живот за сите“, стана предсмртна агонија за македонскиот народ и македонската држава. Она што измамниците го ветуваа како “едно општество за сите“, се претвори во едно општество за нив, во кое има стипендии само за нивните деца, пари за иновации само за нивните снаи и јатрви, тендери само за нив и за поткупените предавници, а друго општество за сите…

Повеќе...

Властите потврдија Корона вирус има во Македонија

ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ: Потврден Ковид 19 кај пациентка која допатувала од Италија Министерот за здравство Венко Филипче ги потврди неофицијалните информации дека кај жена, родена 1970 година, која околу 3 часот по полноќ била примена на Инфективната клиника, а која допатувала од Италија, потфврден е Ковид 19, односно го имаме првиот случај со корона вирус. Според Филипче, пациентаката две неделеи се лекувала од грип во Италија, па се претпоставува дека периодот на инкубација поминал, па таа не претставувала опасност по влезот во Македонија за луѓето со кои дошла во допир. Позитивно…

Повеќе...

Вечерва народот му покажа црвен картон на Зоран Заев

Вечерва во организација на ВМРО-ДПМНЕ се одржа протест против неправдите кои Зоран Заев ги нанесе на Македонија. Над 20.000 луѓе протестираат против неправдите на Заев. Сплотени му покажаа црвен картон на екс-премиерот. (протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ) „Чекориме за правда“. Под ова мото, пред неколку дена марш одржа и СДСМ. Нивните поддржувачи во мал број излегоа низ скопските улици да протестираат за правдата која СДСМ ја ветуваше, но не ја донесе. Фото галерија од протестот на ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ Протест 25.02.2020 год.#ПравдаЌеИма #ОбноватаДоаѓа #ОбноваНаМакедонија#Македонија2020 #Револуција2020 Gepostet von Медиа24 am Dienstag, 25. Februar…

Повеќе...

Медиумски мрак во најава: „Среќна нова 1949 година“- Операторите одлучија да го прекинат реемитувањето на сите домашни и странски телевизии

Нетпрес Кабелските и телеком-операторите донеле одлука да прекинат со реемитување на сите домашни и странски телевизии, освен на јавниот сервис. Одлуката за прекин на реемитувањето е веќе донесена од страна на Здружението во рамки на Стопанската комора на Македонија во кое членуваат сите оператори. За ваквата одлука гласале сите членки на Здружението кое брои над 40 оператори. Причината за ваквата олука е усвојувањето на измените во Законот за медиумски услуги, и тоа на денот кога се распушти Собранието. Со овие измени во Законот на операторите, под закана за материјална и кривична одговорност,  им се наметнува обврска да гарантираат…

Повеќе...

ЕК бара да не се политизира и да не се шират дезинформации за коронавирусот

Драстичните мерки на италијанските власти за коронавирусот предизвикаа паника кај голем дел од европското население, Европската Комисија бара секоја одлука да се заснова на научни докази. -Од блиску ја следиме ситуацијата во Италија, овој брз развој на настаните покажува колку бргу се менуваат работите, ситуацијата во Италија предизвикува загриженост и покажува колку е важно земјите членки на ЕУ да бидат подготвени доколку се појави слична ситуација, изјави утрово европската комесарка за здравство, Стела Кириакидис. Во Италија, меѓутоа, последните случувања послужија и како политичка платформа за популисти како поранешниот министер за…

Повеќе...