НОВО

Maкедонија на никој начин не е принудена личните документи на граѓаните да ги промени до февруари следната година.


Личните документи според Договорот од Преспа мора да ги промениме пет години по почнување на преговорите со ЕУ

Maкедонија на никој начин не е принудена личните документи на граѓаните да ги промени до февруари следната година. Договорот од Преспа јасно предвидува дека промената на личните документи треба да го следи отворањето на поглавјата со ЕУ и тоа да заврши пет години оттогаш.Како што знаеме Македонија ниту има датум ниту почнала да ги отвора преговорите поврзани со личните документи.

Според членот 10 од Договорот од Преспа во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали има два преодни периода, еден „технички“ и еден „политички“:

„Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Втората страна за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата. Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува во согласност со името и термините наведени во членот 1, став 3 од оваа Спогодба, најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на оваа Спогодба. б) „Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна. Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со членот 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш-предвидува договорот што го потишаа Димитров и Коцијас.

Според тоа, датумот 12 февруари е измислен од Владата и на никој начин не е поврзан од неопходноста за промена на личните документи-пасоши и лични карти со новото уставно име.

Уште помалку тоа треба да се врзува со учество на избори бидејќи документите се важечки  и личната карта е исклучива за внатрешна употреба како и што е наведено во Договорот од Преспа.


Извор: pressingtv.mk